Позитивни и негативни ефекти при примена на флуор

Angova, Lidija and Longurova, Natasa and Georgieva, Natalija and Zlatanovska, Katerina (2019) Позитивни и негативни ефекти при примена на флуор. In: Втор Конгрес на студенти по општа медицина, 09-10 May 2019, Stip, Macedonia. (Submitted)

[thumbnail of poster-studentski.pdf]
Preview
Text
poster-studentski.pdf

Download (4MB) | Preview
[thumbnail of Сепарат од книга на апстракти.pdf]
Preview
Text
Сепарат од книга на апстракти.pdf

Download (472kB) | Preview

Abstract

Вовед: Флуорот е хемиски елемент кој во природата се наоѓа во форма на флуорид во водата, земјата, храната, билките, минералите..
Додатни извори на флуор за луѓето чија употреба е широко распостранета се денталните производи, посебно пастите на заби, лакови, таблети како и флуорираната вода. Најчеста апликација е преку топикалната флуоридација или преку системската флуоридација преку сол, млеко, вода..
Цел: целта на нашето истражување е да укажеме на ефектите врз организмот од употребата на флуорот, односно неговите предности и недостатоци.
Материјали и методи: Преку обработка на научни трудови и стручни списанија направивме евалуација за сите предности кои ги имаме при користење на флуор, како и негативните последици кои се јавуваат при прекумерено внесување на флуор, особено при системското внесување на истиот.
Резултати: Од нашето истражување и анализа на примената на флуор согледавме дека негативните последици од системско внесување на флуор се состојби кои не треба да се занемарат и треба да се даде осврт на истите.
Заклучок: Разлика помеѓу акутните и хронични ефекти од токсичноста на флуорот е многу тешко да се направи, бидејќи зависи од обликот на флуор кој се внесува, времето на кое се изложени индивидуите , осетливоста и толеранцијата. Меѓутоа популацијата која најчесто е изложена се децата кои спааѓаат во една од највулнерабилните групи како и постарите лица со нутритивни и метаболички дефицити кај кои може да предизвика промена на коските.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Natasa Longurova
Date Deposited: 10 Jun 2019 07:27
Last Modified: 10 Jun 2019 07:27
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22111

Actions (login required)

View Item View Item