Cocovska, Ivana and Maksimova, Viktorija (2019) Хербални дроги во третман на варикозни вени. Farmacevtski informator (51). pp. 52-55. ISSN 1409-8784
Preview |
Text
Farmacevstki-informator_broj_51_april_2019_web-pages-1-4,52-55.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Варикозните вени и венската инсуфициенција на долните екстремитети се едни од најчестите заболувања кои особено ја афектираат повозрасната популација. Оваа состојба се одликува со издолжување, проширување и извиткување на вените, а најчесто се јавува во нозете. Варикозните вени се голем проблем со кој се соочува 10-20% од популацијата. Инциденцата на појава се зголемува со годините и тоа најчесто кај луѓе постари од 50 години,со четири пати поголема застапеност кај жени отколку кај мажи.
Хербалните препарати како третман и превенција на варикозните вени треба да делуваат на следниот начин:
Васкуларен тонус - Се подобрува тонусот и цврстината на венските садови. Хербалните препарати кои се богати со флавоноиди се посебно индицирани при подобрување на тонусот.
Циркулаторни стимуланси -Помагаат при процесот на враќање на крвта од вените кон белодробието.
Адстригенти-Го подобруваат васкуларниот тонус и се аплицираат екстерно (на кожата).
Антиинфламатори - Ја намалуваат локалната инфламација.
Емолиенти - Нанесени екстерно ја намалуваат локалната инфламација.Хербалните препарати кои се богати со флавоноиди имаат главна улога при зголемување на тонусот на венските ѕидови при венска инсуфициенција. Притоа, најчесто употребувана дрога е семето од Aesculus hipocastanum L., -див костен.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Viktorija Maksimova |
Date Deposited: | 13 Jun 2019 11:37 |
Last Modified: | 13 Jun 2019 11:37 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22100 |
Actions (login required)
View Item |