Buseva, Lence (2019) Карактеризација на некои домашни и интродуирани сорти памук во агроеколошките услови на струмичкиот регион. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
МАГИСТЕРСКИ ТРУД ЛЕНЧЕ БУСЕВА.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Во периодот од 2015 – 2016 година во агроеколошките услови на Струмица беа изведени испитувања со 10 генотипови памук: (линиите 5136, 5140, 5141, создадени во Институтот во Струмица и бугарските генотипови: чирпан-539, вено, перла-267, авангард-264, колорит-409, хелиус-288 и наталија-361). Испитувањата се извршени во три повторувања според методот случаен блок систем со големина на експерименталната парцела од 14 m2. Сите испитувани генотипови во агроеколошките услови во Струмица спаѓаат во средно раностасни сорти со вегетациски период од 125-129 дена, додека линиите спаѓаат во групата на ранозрели сорти со вегетациски период од 119122 дена. Приносот на суров памук на единица површина во годините на испитување просечно се движи од 2.853 kg/ha кај бугарскиот генотип колорит409, до 5.158 kg/ha кај генотипот вено. Рандман на влакно, просечно за двете години на испитување се движи од 42,6 % кај линијата 5141, до 45,4 % кај генотипот чирпан-539. Во просек тежината на суровиот памук во една чушка се движеше од 6,5 g кај чирпан-539, до 7,2 g кај линиите 5136 и 5140. Должината на влакната се движи од 25,1 mm кај 5140 до 27.9 mm кај колорит-409. Рандманот на влакно во просек се движи од 41,6 % кај линијата 5140 до 45,4 % кај чирпан-539. Во двете години од испитувањето, највисок вкупен принос на семе имаше генотипот вено (2.647 kg/ha) а најнизок, генотипот авангард-264 (1.737 kg/ha).
Клучни зборови: Памук, линија, генотип, принос, рандман, должина на влакно.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Other agricultural sciences |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 27 May 2019 13:18 |
Last Modified: | 27 May 2019 13:18 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22059 |
Actions (login required)
View Item |