Надворешна трговија (практикум)

Miteva-Kacarski, Emilija (2019) Надворешна трговија (практикум). ISBN 978-608-244-600-4.

[thumbnail of Praktikum Nadvoreshna trgovija.pdf]
Preview
Text
Praktikum Nadvoreshna trgovija.pdf

Download (894kB) | Preview

Abstract

Практикумот „Надворешна трговија“ е наменет, пред сè, за студентите на додипломски студии на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кои ги изучуваат предметите Меѓународна економија и Надворешна трговија, но можат да го користат и сите останати кои се заинтересирани за оваа проблематика. Практикумот е креиран врз основа на потребата од создавање на учебно помагало кое од практичен аспект ќе им овозможи на студентите полесно совладување на материјата како и поврзување на теоретските и методолошките концепти со практиката во надворешната трговија. Нивото и стилот на вежбите во практикумот се приспособени кон знаењата и потребите на студентите од додипломски студии. Секоја тематска единица започнува со краток преглед на содржината која е разработена во главата која е предмет на таа вежба. Во секоја вежба, поставени се прашања за дискусија кои треба да им овозможат на студентите да проверат дали целосно ја разбрале материјата како и да ги продлабочат своите сознанија преку дополнителни истражувања и анализи.
Содржински, трудот е конципиран во 4 поглавја, кои ги покриваат тематските единици предвидени со наставната програма. Во првата глава е направена анализа на импликациите на теориите за меѓународна трговија. Поставените вежби се конципирани во насока на правење на компаративна паралела меѓу различните теоретски правци во развојот на економската мисла.
Предмет на анализа во втората глава се извозните структури на пооделните земји со користење на Стандардната меѓународна трговска класификација, глобалните трендови во размената на услугите, бенефитите и трошоците од странските директни инвестиции во технолошко индустриските развојни зони како и економските придобивки од слободното движење на работната сила.
Третата глава е посветена на анализа на ефектите како и економските перформанси и трговските индикатори на пооделните регионални економски интеграции, трговските импликации од БРЕГЗИТ, улогата на СТО во глобалната трговија како и резултатите од одржаните Министерски конференции во рамките на СТО. Вежбите во оваа глава се заокружени со анализа на бенефитот на РМ од членството во СТО.
Во четвртата глава е направена компаративна паралела на слободната трговија и протекционизмот, анализа на економските аргументи за употреба на царините (аргументи “за” и аргументи “против”) како и примената на реторзионите царини во трговската војна меѓу САД и Кина. Посебен акцент во оваа глава е ставен на анализа на студии на случај во врска со примената на нецаринските бариери како најважен регулативен инструмент на трговската политика на многу земји, посебно на големите и развиени економии.
Преку ваквиот начин на обработка на проблематиката поврзана со надворешната трговија им се овозможува на студентите да ги разберат и продлабочат своите сознанија во врска со основните карактеристики на современите економски текови во меѓународната размена, новите правила на кои претпочива мултилатералниот трговски систем како и важноста на инструментите на надворешнотрговската политика.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Emilija Miteva
Date Deposited: 16 May 2019 09:05
Last Modified: 16 May 2019 09:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22034

Actions (login required)

View Item View Item