Aнализа и имплементација на „зелен маркетинг“ во Република Македонија, со посебен фокус на промоција на здравата исхрана

Pitropova Suslevska, Biljana (2019) Aнализа и имплементација на „зелен маркетинг“ во Република Македонија, со посебен фокус на промоција на здравата исхрана. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Biljana-Pitropova-magisterska(PDF).pdf]
Preview
Text
Biljana-Pitropova-magisterska(PDF).pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Термините „одржлив маркетинг“ и „зелен маркетинг“ стануваат се повеќе популарни во теоријата, а се зголемува и нивната имплементација во бизнис светот. Трудот ги истражува овие концепти преку преглед на постоечката литература, како и разграничување на главните карактеристики. Со посветување внимание на долгорочните цели на една компанија проблемот на оддржливост е самонаметнувачки и поради тоа многу бизниси, политички и невладини организации и граѓански иницијативи го истакнуваат како еден од главните цели во насока на долгорочен развој на човековиот и природен капитал. Даден е осврт на предностите и слабостите на зелениот маркетинг и неговата имплементација, како и главните бариери со кои се соочува. Посебен фокус е посветен на т.н. нова група на потрошувачи наречена „зелени потрошувачи“. Примарното истражување ја истражува хипотезата на дека зелениот маркетинг, би можел ефективно да се имплементира во една специфична економија како Република Македонија. Преку повеќе различни квантитативни и квалитативни методи, истражувањето ја потврди општата хипотеза, при што македонските потрошувачи имаат развиена свесто која е поволна за промоција на зелени производи, каде што главната бариера за имплементација е цената. Социјалните мрежи се оценети како најпогоден канал за промоција на зелените производи и одржливиот маркетинг.


Клучни зборови: Одржлив маркетинг, зелен маркетинг, зелени потрошувачи, зелени производи, одржливост, Република Македонија

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 06 May 2019 09:28
Last Modified: 06 May 2019 09:28
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21980

Actions (login required)

View Item View Item