Markoska, Nadica (2017) Контрастивна анализа на можниот начин во италијанскиот и македонскиот јазик врз примери ексцерпирани од романот Canone Inverso од авторот Паоло Мауренсиг и преводот на македонски. ФИЛКО - Зборник на трудови од Втора меѓународна научна конференција за филологија, култура и образование, 2. pp. 427-436. ISSN 978-608-244-308-9
Preview |
Text
Filko 2.pdf Download (5MB) | Preview |
Abstract
Контрастивната лингвистика се занимава со споредување на два или повеќе јазика од синхрониски аспект и опфаќа три области на контрастивно или споредбено проучување: контрастивна анализа, теорија на преведување и анализа на грешките. Таа е една од најразвиените постапки во доменот на контрастивната лингвистика која се занимава со систематско споредување на два или повеќе јазика со цел да се пронајдат сличностите и разликите меѓу споредуваните јазици. Предмет на нашиот труд е контрастивна анализа на можниот начин во италијанскиот и македонскиот јазик врз примери ексцерпирани од италијанскиот роман „Canone inverso“ од авторот Паоло Мауренсиг и преводот на македонски. Целта е да ги издвоиме сличностите и разликите во однос на неговата употреба со цел негово подобро усвојување, како и надминување на потешкотиите при неговото совладување од страна на македонските говорители кои го изучуваат италијанскиот јазик како странски јазик.
Клучни зборови: контрастивна анализа, можен начин, сличности, разлики
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Nadica Negrievska |
Date Deposited: | 06 May 2019 09:20 |
Last Modified: | 06 May 2019 09:20 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21975 |
Actions (login required)
View Item |