Miteva-Kacarski, Emilija (2019) Надворешна трговија (скрипта). ISBN 978-608-244-600-4.
Preview |
Text
Skripta Nadvoreshna trgovija Emilija Miteva Kacarski-1-8.pdf Download (313kB) | Preview |
Abstract
Скриптата „Надворешна трговија“ е наменета, пред сè, за студентите на додипломски студии на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кои ги изучуваат предметите Меѓународна економија и Надворешна трговија, но можат да ја користат и сите останати кои се заинтересирани за оваа проблематика. Основната ориентација во излагањето на содржината е идентификување на основните карактеристики на современите економски текови во меѓународната размена, новите правила на кои претпочива мултилатералниот трговски систем, како и важноста на инструментите на надворешнотрговската политика.
Во тој контекст, материјалот опфатен во оваа скрипта е поделен на неколку делови:
Глава I – Теории за меѓународна трговија;
Глава II – Меѓународни економски трансакции;
Глава III – Меѓународна трговска регулатива и
Глава IV – Инструменти на трговската политика.
Во првата глава направена е анализа на теориите за меѓународна трговија, преку чие проучување се настојува да се даде одговор на прашањето зошто земјите тргуваат меѓусебно, односно што е она што го определува обемот, правците и структурата на меѓународната размена. Направена е класификација на теориите почнувајќи од пратеориите како први сфаќања за меѓународната трговија, потоа класичните теории кои биле базирани на многу строги теоретски претпоставки и модерните теории за меѓународната трговија кои ги објаснуваат значајните разлики меѓу реалноста во меѓународната трговија и тврдењата на класичарите.
Во втората глава обработени се карактеристиките на четирите видови економски трансакции во надворешнотрговската размена и тоа: меѓународното движење на стоки, меѓународното движење на услуги, меѓународното движење на капитал и меѓународното движење на работна сила.
Третата глава е посветена на билатералните, регионалните и мултилатералните аспекти на меѓународната размена, особено потенцирајќи го процесот на креирање на мултилатералниот трговски систем, почнувајќи од потпишувањето на Општата спогодба за царини и трговија па сѐ до неговото институционализирање со формирањето на Светската трговска организација.
Во четвртата глава направена е анализа на инструментите на надворешнотрговската политика и тоа царините и нецаринските бариери. Посебен акцент во оваа глава е ставен на нецаринските бариери како најважен регулативен инструмент на трговската политика на многу земји, посебно на големите и развиени економии.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Emilija Miteva |
Date Deposited: | 09 Apr 2019 11:12 |
Last Modified: | 09 Apr 2019 11:12 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21905 |
Actions (login required)
View Item |