Анализа на механизмот на дејство и антимикробната активност на одредени антисептици и дезинфициенси врз bacillus spp., acinetobacter spp., klebsiella spp., serratia marcescens и candida spp. како едни од најчестите предизвикувачи на интрахоспиталните инфекции

Gjorgjeska, Biljana and Karpicarov, Dino (2019) Анализа на механизмот на дејство и антимикробната активност на одредени антисептици и дезинфициенси врз bacillus spp., acinetobacter spp., klebsiella spp., serratia marcescens и candida spp. како едни од најчестите предизвикувачи на интрахоспиталните инфекции. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 30 (4). pp. 740-745. ISSN 2545-4439

[thumbnail of KIJ, Vol. 30.4-1-15.pdf]
Preview
Text
KIJ, Vol. 30.4-1-15.pdf

Download (824kB) | Preview
[thumbnail of KIJ, Vol. 30.4-34-39.pdf]
Preview
Text
KIJ, Vol. 30.4-34-39.pdf

Download (682kB) | Preview

Abstract

Несомнено, еден од најголемите проблеми со кој се соочува модерната медицина, како и здравствениот менаџмент во болничките и другите здравствени установи, е појавата на интрахоспиталните, односно нозокомијалните инфекции. Имено, кон крајот на XIX век, во медицината, а особено во хирургијата, како една од медицинските гранки, се забележува интензивен развоj. Како резултат на ваквиот развој, воспоставени се одредени базични стандарди во областа на хигиената во болниците и другите здравствени установи, овозможена е идентификација на микроорганизмите, а направен е и голем чекор во поглед на лекувањето на повеќето инфекции. И покрај ваквите авангардни промени, интрахоспиталните инфекции, остануваат голема причина за морбидитет и морталитет, поради што, истите на директен или индиректен начин, предизвикуваат зголемување на трошоците за болничка нега и зголемување на инциденцата за појава на нови здравствени ризици во општествената заедница. Токму поради овие причини се вели дека интрахоспиталните инфекции не само што претставуваат огромен проблем за модерната медицина, туку истовремено претставуваат и огромен проблем во областа на менаџирањето на трошоците во рамките на одредена здравствена установа. Појавата на резистентност на микроорганизмите спрема антибиотиците, како и појавата на нови патогени, кои може да бидат трансмитирани по различни патишта, се должи на големиот напредок на фармацевтската и медицинската биотехнологија, од една страна и нерационалната примена на антимикробните средства, од друга страна. Покрај тоа, притисокот од јавноста врз здравствените установи и недостатокот на соодветно обучен персонал, дополнително ја отежнува адекватната контрола на интрахоспиталните инфекции. Исто така, голем дел од здравствените професионалци сметаат дека со започнувањето на ерата на употреба на антибиотиците, во голема мера е искоренета можноста за појава на интрахоспиталните инфекции. Сепак, неопходно е да се знае дека одржувањето на хигиената на високо ниво во болничките и другите здравствени установи, е можеби најзначајниот чекор во поглед на искоренувањето на интрахоспиталните инфекции, а тоа може да се постигне со правилна употреба на антисептиците и дезинфициенсите, заеднички означени како биоциди. Имено, станува збор за соединенија кои имаат способност директно да ги уништуваат микроорганизмите или да го инхибираат нивниот раст, развој и продукција, а се разликуваат по тоа што антисептиците се администрираат на живи ткива, додека дезинфициенсите ги отстрануваат микроорганизмите од различни објекти, опрема или пак, од непосредната околина. Правилната употреба на антисептиците и дезинфициенсите ја намалува можноста за појава на интрахоспитални инфекции, што значи дека нивната неправилна употреба може да резултира со појава на ваков тип на инфекции.
Целите на овој труд е да се претстават некои од најчестите микроорганизми кои предизвикуваат појава на интрахоспитални инфекции; да се претстават механизмите на дејство на најчесто употребуваните антисептици и дезинфициенси во болнички услови и да се дадат насоки во поглед на тоа кој антисептик, односно дезинфициенс, би бил најсоодветен за употреба против микроорганизмот, кој се јавува во функција на причинител на интрахоспиталната инфекција.
За реализација на овие цели, како метод на работа беше користен Kirby–Bauer диск–дифузиониот метод, а како хранителна подлога беше користен агарот по Müeller–Hinton. Зоната на инхибија, преку која се изразува антимикробната активност, беше мерена со помош на линијар и изразена во милиметри (mm).
Врз основа на добиените резултати, утврдивме кој антисептик, односно дезинфициенс, е најдобро да се користи против микроорганизмите кои беа опфатени со ова истражување.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Biljana Gorgeska
Date Deposited: 08 Apr 2019 09:23
Last Modified: 08 Apr 2019 09:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21892

Actions (login required)

View Item View Item