Стандардни оперативни процедури за комуникација, координација и соработка помеѓу субјектите од системот за управување со кризи во прогласена кризна состојба - Трето дополнето издание -

Urim, Vejseli and Tarchugovski, Dragi and Risteski, Robert and Nakov, Petre and Naumovska, Gordana and Glavinov, Aleksandar (2016) Стандардни оперативни процедури за комуникација, координација и соработка помеѓу субјектите од системот за управување со кризи во прогласена кризна состојба - Трето дополнето издание -. 614.8:35.077.3(497.7), 351.78:35.077.3(497.7), COBISS.MK-ID 101549322 . Crisis Management Center of the Republic of Macedonia, National and University Library “St. Kliment Ohridski”, Skopje. ISBN 978-608-65931-8-6

[thumbnail of Standard Operating Procedures B5 mkd.pdf]
Preview
Text
Standard Operating Procedures B5 mkd.pdf

Download (8MB) | Preview
[thumbnail of COBISS_OPAC.pdf Standardni operativni proceduri Septemvri 2016.pdf]
Preview
Text
COBISS_OPAC.pdf Standardni operativni proceduri Septemvri 2016.pdf

Download (87kB) | Preview

Abstract

Во оваа публикација се претставени Стандардните оперативни
процедури за комуникација, координација и соработка помеѓу субјектите на
Системот за управување со кризи во услови на прогласена кризна состојба, како
системски и институционални решенија.
Публикацијата претставува синтетизирано претставување на
интегрираната материја на одделните Стандардните оперативни процедури кои
се различни во зависност од ризикот за кој се прогласува кризната состојба,
односно упатува на комплексно институционално оформување, воспоставување
и функционално користење како прирачник.
Стандардните оперативни процедури како прирачник се наменети
најнапред за користење од страна на членовите на Главниот штаб за управување
со кризи кој во Системот за управување со кризи е оперативно-стручно тело,
кое раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации,
потоа за носителите на оперативно-стручните одлуки за справување со кризната
состојба, како и за користење од страна на лицата вработени во органите на
државната управа кои по потреба се упатуваат да извршуваат задачи за
определено време во Центарот за управување со кризи. Следната намена на
Стандардните оперативни процедури е во функција на стручен материјал за
лицата вработени во министерствата и другите органи на државната управа,
органите на општините и на градот Скопје, јавните установи и служби, како и
трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба кои
се задолжени за подготвување и извршување на работни задачи во врска со
превенција и справување со кризна состојба, како и ориентационен стручен
материјал за членовите на регионалните штабови за управување со кризи.
Потоа прирачникот во едукативна смисла е во функција на поширока
литература на студентите на студиите за кризен менаџмент, заштита и
спасување, како и за студентите на студиите за безбедност, односно одбрана.
Покрај тоа процедурите имаат намена и како консултативен материјал за
наставниот кадар по наставниот предмет мир и толеранција во средните
училишта.
Имајќи ја во вид содржината и елаборираните активности за справување
со кризи, цениме дека прирачникот истовремено ќе претставува драгоцена
литература за сите граѓани кои од личен интерес имаат потреба за проширување на своите знаења од областа на кризниот менаџмент во смисол на градење на
капацитетите на отпорност на системот на заканите по безбедноста на
граѓаните.
Со Стандардните оперативни процедури се заокружува и
имплементацијата на НАТО - партнерската цел „Менаџирање со итни ситуации
вклучувајќи и справување со последици од терористички акти” со што авторите
и Издавачот даваат свој придонес кон зајакнување на меѓународните позиции
на Република Македонија за полноправно членство во НАТО.
Стандардните оперативни процедури се дело на заедничкиот напор и
ангажирањето на претставниците од повеќе владини институции – субјекти на
Системот за управување со кризи, кои со својата стручност, професионалност и
меѓуресорски пристап овозможија изработка на материјалот со комплексна
содржина која е предмет на координирана работа на државните институци.
Затоа изразуваме голема благодарност кон претставниците на институциите кои
ни помогнаа во подготовката на Стандардните оперативни процедури, а
посебно на претставниците од министерствата за одбрана, внатрешни работи,
надворешни работи, здравство, економија, животна средина и просторно
планирање, земјоделство шумарство и водостопанство, транспорт и врски, труд
и социјална политика, образование и наука, финансии, култура, како и на
претставниците на Агенцијата за разузнавање и дирекциите за радијациона
сигурност и за заштита и спасување.
Третото дополнето издание ги надополнува Стандардните оперативни
процедури со искуствата и материјалите од прогласените енергетски кризни
состојби во 2012 година, како и прогласената кризна состојба заради зголемен
обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република
Македонија во 2015/2016 година.
Од тематско методолошки аспект, содржината на прирачникот е
разработена во ХХ целини.
Во првиот дел се определуваат условите кога прирачникот се користи во
пракса односно, се утврдува прогласувањето на кризна состојба.
Во вториот дел се разработени функциите и задачите на институциите
во Системот за управување со кризи на национално ниво, кои пак се основа на секоја институција за преземање на активности според Стандардните
оперативни процедури.
Во третиот дел разработена е постапката за анализирање на состојбата
во зависност од ризикот поради кој се прогласува кризната состојба, како и
нивно презентирање, а се со цел да се стандардизираат оперативните процедури
за планско и оптимално ангажирање на институциите во зависност од
анализираната кризна состојба.
Во четвртиот дел се стандардизира оперативната процедура за начинот
на донесувањето на одлуките.
Во петтиот дел детално се прикажуваат активностите за справување
(реакција и поддршка) одделно за секој ризик заради чие постоење би била
прогласена кризна состојба на територијата на Република Македонија или на
дел од неа, потоа ситуационите извештаи кои се исто така различни за секој
ризик, како и оперативно стручните предлог - одлуки на Главниот штаб за
управување со кризи со кои се одлучува да се ангажираат ресурсите (човечки,
материјално – технички и финансиски) и да се стават во функција на
непосредно справување со ризикот поради чие постоење се прогласува кризна
состојба.
Во шестиот дел детално се прикажуваат активностите за справување
(реакција и поддршка) со инциденти/појави кои сами по себе не се доволни за
прогласување на кризна состојба без оглед дали се предизвикани од човек,
природа или техничко-технолошки процеси. Истите се третираат во кризна
состојба, бидејќи за справувањето со нив се користат истите ресурси за
справување со ризиците поради чие постоење би била прогласена кризна
состојба на територијата на Република Македонија или на дел од неа. Понатаму
се прикажуваат оперативно стручните предлог - одлуки на Главниот штаб за
управување со кризи со кои се одлучува да се ангажираат ресурсите (човечки,
материјално – технички и финансиски) и да се стават во функција на
непосредно справување со ризикот/појавата. Исто така, се прикажуваат и
ситуационите извештаи за инцидентите/појавите.
Во седмиот дел се стандардизираат оперативните процедури за прием,
распределба и дистрибуција на меѓународната помош, а во осмиот дел се
стандардизираат процедурите за односи со јавност.
Во деветтиот дел се прикажани Стандардните оперативни процедури за
објавување на престанувањето на кризната состојба.
На крајот се прикажани приложените обрасци за препораки за
меѓународна помош, ангажирање на структурите на Армијата во функција на
поддршка на полицијата или на цивилните структури, формирање на заеднички
медиа центар, престанувањето на кризната состојба, препорака за повлекување
на ресурсите како и преглед на употребени скратеници.

Item Type: Book
Additional Information: а) Кризен менаџмент - Р. Македонија б) Процедури - Високошколски учебник COBISS.MK-ID 101549322
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Military Academy
Depositing User: Aleksandar Glavinov
Date Deposited: 08 Apr 2019 07:37
Last Modified: 08 Apr 2019 07:37
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21882

Actions (login required)

View Item View Item