Fiti, Taki and Lazarov, Darko and Polenakovik, Radmil (2018) Идентификување на развојните можности за структурни промени и извозна диверзификација преку активни индустриски политики – студија на случај: машински и металопреработувачки сектор. [Project]
Preview |
Text
Извештај-NCDIEL.pdf Download (586kB) | Preview |
Preview |
Text
Извештај од истражување за извозна диверзификација (1).pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Првиот дел од проектот се однесува на систематизација на успешни светски искуства на земји кои успеале да ја обезбедат силна динамика на економски раст преку процес на извозна диверзификација и структурни промени во рамките на одделни сектори и интер-секторски промени. Таквите светски искуства се базирани на примена на широк сет индустриски политики, при што, проучувањето на таквите политики и нивните ефекти можат во голема мера да ни помогнат и послужат во поставување на вистински секторски и индустриски политики во нашата земја, поконкретно во нашиот случај политики за извозна диверзификација на металопреработувачката и машинската индустрија како значајни сектори за нашата економија и воедно фокус сектори во овој проект.
Во овој контекст, беа елаборирани три групи на светски искуства за зголемување на извозната конкурентност и подобрување на извозната структура на земјите:
1) интра – индустриски политики
2) интер – индустриски политики
3) претприемнички пристапи
Првите две политики интра и интер – пристапи се илустрирани со примери од земјите на Азија и Латинска Америка. Третиот пристап, пак, би рекле, влегува во групата на интегративни пристапи и во периодот по 1980 – тите години е застапен во голем број високоразвиени земји во светот, но и во голем број земји во развој. За целосна и детална елаборација беа користени примери од компании кои со помош на силна поддршка на државата успеале да се преструктурираат во модерни компании кои произведуваат и извезуваат високо софистицирани производи во рамките на индустријата за електорника, машинство, челичната индустрија и др. Таквите примери во голема мера може да помогнат во преструктурирање на компаниите во анализираните сектори преку дизајнирање на вистински мерки и инструменти од страна на државата.
Втортиот дел од проектот се однесува на развој на методологија за анализа на извозните перформанси во рамките на анализираните сектори на ниво на производ и идентификување на развојните можности за извозна диверзификација и структурна трансформација. Практично, самата анализа на извозните перформанси и развојните можности на металопреработувачки и машински сектор се базираше на два пристапи: Првиот пристап е анализа на вредноста на извозот во апсолутен износ и релативното учество на одделни производи во вкупниот извоз на земјата и анализа на нивото на софистицираност на извозните производи во рамките на анализираните сектори. Вториот пристап се однесува на анализа на извозните перформанси преку индексот на компаративни предности на ниво на производ.
Третиот дел од проектот се однесува Резултатите од првиот пристап кој се однесува на проучување на производната и извозната структура на анализираните сектори на ниво на поединечен производ укажуваат дека македонската економија во 2016 година остварила вкупен извоз во рамките на анализираните сектори во вредност од 788 милиони амрекански долари, при што нивното релативно учество во вкупниот извоз на земјата изнесувал приближно 13%.
Подетално, вредноста на извозот на металопреработувачки сектор во 2016 година изнесувал 174 милиони американски долари или околу 3% од вкупниот извоз на земјата, додека извозот на машинскиот сектор во истата година изнесувал 614 милиони американски долари или приближно 10% од вкупниот извоз на земјата. Вредноста на извозот на металопреработувачката индустрија е базиран на извоз на околу 50 производи кои се извезуваат во вредност поголема од 100.000 евра, додека извозот на машинската индустрија е базиран на извоз на над 80 производи кои се извезуваат во вредност поголема од 100.000 евра. Ова покажува дека машинскиот сектор е позастапен во извозната структура на земјата не само гледано низ призмата на вкупната извозна вредност, туку многу поважно и низ призмата на бројот на извозни производи.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Darko Lazarov |
Date Deposited: | 21 Mar 2019 13:01 |
Last Modified: | 21 Mar 2019 13:01 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21827 |
Actions (login required)
View Item |