Lazarov, Darko and Kocovski, Mitko (2015) Економска импакт и cost-benefit анализа на индустријата за основни метали во Република Македонија. [Project]
Preview |
Text
KMBT_163_03672.pdf Download (263kB) | Preview |
Preview |
Text
Извештај-Прогрес плус.pdf Download (298kB) | Preview |
Abstract
Проектот се состои од два дела. Првиот дел се однесува на економска импакт анализа на индустријата за основни метали со цел квантификација на економски импакт (влијание) на индустријата за основни метали врз македонската економија гледани низ призмата на учеството во креирање на БДП, релативното учество во извозот, вработените што оваа индустрија ги генерира, даночните плаќања и сл. Во рамките на ова анализа за
Резултатите од истражувањето покажуваат дека оваа индустрија има значителен придонес за македонската економија гледони низ сите показатели. Имено, компаниите во овој сектор директно или преку мултипликативните ефекти креираат 5% од БДП на земјата, имаат повеќе од 15% релативно учество во вкупниот извоз, вработуваат повеќе од 15.000 вработени, имаат повеќе од 1% учество во даночните приходи, и компаниите во овие сектори се значително инвловирани во огромен број на проекти кои имаат опшествен интерес што се потврдува со фактот што поголем број од компаниите во овој сектор имаат добиено голем број на признанија и награди за корпоративна одговорност.
Вториот дел од проектот се однесува на анализа на постоечките производни капацитети и развојни потенцијал на индустријата за основни метали. Во таа насока, беа направени два типа на анализи:
1) анализа на постоечките производни перформанси која се однесуваше на детално проучување на постоечкиот производен капацитет и степенот на неговата искористеност и проекциите за идните трендови на светската побарувачка и ценовните флуктуации на ниво на поединечна фирма од групата на компании кои беа вкличени во истражувањето, и
2) анализа на развојните можности која се однесуваше на анализа на сетот на производи кои тековно се произведуваат од страна на компаниите во индустрија за основни метали, нивниот степен на финализираност и можноста за проширување на тој сет на производи (диверзификација на производниот асортиман на индустријата) и насочување на дел од ресурсите и капацитетите кон производи кои се карактеризираат со повисока додадена вредност (повисок степен на финализација). Овде, во најголема мера се мисли на металопреработувачката индустрија каде сетот на производи и можноста за производна диверзификација е значително поголема компарирано со производството на феролегури и индустријата за обоени метали.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Darko Lazarov |
Date Deposited: | 21 Mar 2019 13:01 |
Last Modified: | 21 Mar 2019 13:01 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21826 |
Actions (login required)
View Item |