Застапеност на инфекции со helicobacter pylori кај пациенти од општа пракса

Paneva, Tanja (2019) Застапеност на инфекции со helicobacter pylori кај пациенти од општа пракса. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of specijalisticki trud Tanja paneva.pdf]
Preview
Text
specijalisticki trud Tanja paneva.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Со оглед на тоа што доказите покажуваат драматично висока инциденца на инфекција со Helicobacter pylori (H. pylori) и даваат соодветни предизвици во медицината кои дополнително се јавуваат, водењето на пациентите со потенцијална инфекција со H. pylori е од висок приоритет за здравствените власти насекаде во светот. Иако има намалување на стапката на инфекции во развиените земји, преваленцата на инфекции со H. pylori во земјите во развој па и во некои развиени земји сеуште е висока. Досега дијагностичките тестови се или елаборативни и бараат напредната инфраструктура за медицинска грижа или пак не ги исполнуваат критериумите препорачани во Мастрихт III консензус извештајот. Поради несигурноста во дијагнозата на инфекциите со H. pylori кои имаат потенцирани гастроинтестинални проблеми, ЦЕЛТА на оваа студија беше да се презентираат резултатите од идентификацијата на H. pylori кај пациенти кои се жалат на умерени до назначени гастроинтестинални тешкотии и да се спореди сензитивноста на различни методи на идентификација на бактеријата. Втората цел е да се презентираат резултатите во однос на возраста, полот и местото на живеење на засегнатите пациенти. Како материјал послужија историите, податоците и наодите на пациентите кои биле третирани во амбуланти на примарна здравствена заштита, од општа пракса, во текот на 2017 година. Податоците се добија од три ординации на општа пракса. Сите податоци беа статистички обработени. Резултатите покажаа многу поголема осетливост и стапка на изолација кога се користи методот на изолација од столица, додека уште посилна статистичка сигнификантност во изолацијата има методот на изолација на причинителот во биоптичен материјал од желудечна слузница. Серолошки, изолација кај пациентите е добиена- средно 18,4% (±0,3), изолација во фецес - средно 48,1%(±0,2) и во биоптичен материјал од желудочна слузница кај 65,7% (±0,1). Презентирани се резултати за повеќе возрасни групи дисагрегирано. Во сите возрасни групи, предоминантно позитивен наод има кај машкиот пол. Тој сооднос во овие три возрасни групи изнесува 1,2:1; 1,3:1 и 1,5:1, соодветно. Во однос на местото на живеење, доминира кај население од руралните области. Овие резултати се само врвот на големото парче лед и потребно е да се усовршат уште повеќе дијагностичките методи за да се добијат подобри резултати. Терапијата зависи единствено од изолиран причинител, и затоа во оваа студија се даде светлина на последните студии каде што се усовршува пристапот за дијагноза. Се потенцира дека новите неинвазивни методи како полимераза верижни реакции не само што ќе ја подобрат идентификацијата и ќе го постават златниот стандард, туку ќе понудат и потенцијал за поточна дијагноза со помалку интензивна метода.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 26 Feb 2019 10:46
Last Modified: 28 Mar 2019 10:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21635

Actions (login required)

View Item View Item