Творештвото на турските поетеси во Република Македонија

Liman, Fatime and Celik, Mahmut and Jusufi, Imer (2018) Творештвото на турските поетеси во Република Македонија. International Journal Scientific Papers. ISSN 1857-923X

[thumbnail of Mahmut 4.pdf]
Preview
Text
Mahmut 4.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Речиси е невозможно да се дојде до релевантни резултати при истражување на темите на делата на турските писателки и поетеси во Република Македонија, а да не се земат предвид општествено-политичките околности, односно сето она што се случувало во СФРЈ, на Балканскиот Полуостров, во сите
оние земји кои биле под османлиска власт. Пред да преминеме на главното, односно темите на делата на турските поетеси и писателки во Македонија, ќе се осврнеме и ќе дадеме една ретроспектива на општествено-политичките околности на Балканскиот Полуостров, но ќе биде ставен акцент на околкностите и настаните во Македонија. Една ретроспектива во различни периоди, пред владеењето на Османлиите, за
време на османлиското владеење и периодот што следи. Образовниот процес и печатот на турски јазик на
овие простории несомнено ќе влијае и врз книжевноста. Особено акцент ќе биде ставен на книжевноста на
Турците од Македонија и околностите во кои таа книжевност можела да опстојува со векови, меѓутоа во различни услови и со различен интензитет и квалитет. Ќе бидат претставени турските поетеси и писателки, подетално ќе бидат претставени Биба Исмаил, Мелахат Енгуллу, Тулај Ибрахим, Лејла Хусеин, Мерал Кајин Рабија Рушид. Ќе бидат претставени темите кои се застапени во нивните дела.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Mahmut Celik
Date Deposited: 25 Feb 2019 07:53
Last Modified: 13 Aug 2019 09:59
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21615

Actions (login required)

View Item View Item