Gogova Samonikov, Marija (2018) Финансиска регулација - Скрипта. [Teaching Resource]
![Skripta 2018 FR.doc [thumbnail of Skripta 2018 FR.doc]](https://eprints.ugd.edu.mk/style/images/fileicons/text.png)
Skripta 2018 FR.doc
Download (365kB)
Abstract
Овој материјал опфаќа обработка на регулацијата во целокупниот финансиски сектор. Какви сè законски рамки стојат во позадина на ова работење, кои се „потенцијалните проблематични точки“, што е тоа што е правилно во финансиската регулација и во која насока таа би требало да се движи. Кои промени би требало да се направат во истиот овој сектор и како да се применуваат.
Анализата на овој материјал треба да го опфати и подрачјето за појавата на финансиските кризи, нивната важност, комплексност и нивната импликација врз општеството. Ќе се направи осврт кон минатото и случувањата, причините – последиците од финансисктие кризи, нивната санација и учењето од „грешките“, како и пронаоѓање одговор на прашањето зошто и дали историјата се повторува.
Сите горенаведени области на истражување и анализа, се обработени и за Република Македонија. Каков модел и форма на регулација се применува овде, во која законска рамка се движи македонската финансиска регулација, како и значењето на регулацијата за мала и отворена економија и совладувањето на можните и постоечки кризи.
Материјалот цели кон утврдување на значењето на финансиската регулација за целокупното финансиско работење и нејзиниот ефект врз економските циклуси, улогата на банкарскиот сектор и неговата инволвираност во трансмисијата и синергијата на економските сигнали, кои можат да заземат непредвидени насоки доколку им се допушти и најмала нерегулираност и согледувања на мерки кои можат да ги применат економиите и Македонија, при градењето и усовршувањето на својот финансиски пазар.
За таа цел се користат повеќе методи кои излегуваат во пресрет на предметот и целта на оваа скрипта, а вклучуваат метод на индукција, дедукција, компаративен метод, квантитативен и квалитативен метод и анализа на практични примери.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Marija Gogova |
Date Deposited: | 21 Feb 2019 11:23 |
Last Modified: | 21 Feb 2019 11:23 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21607 |