Miteva, Marija and Stojkovic, Natasa and Utkovski, Zoran (2018) Теорија на информации - практикум. ISBN ISBN 978-608-244-533-5.
Full text not available from this repository. (Request a copy)Abstract
Практикумот со вежби по предметот Теорија на информации е учебно помагало наменето за студентите на Факултетот за информатика, но и за студенти на други технички факултети кои го изучуваат истоимениот предмет. Практикумот содржи решени задачи, но и задачи за самостојно решавање од темите кои студентите ги изучуваат на предавањата по предметот Теорија на информации и истиот ќе им овозможи на студентите подобро совладување на материјалот од овој предмет.
Во практикумот, најпрво се дадени неколку примери со кои се опишани главните проблеми што ги разработува теоријата на информации, а понатаму следуваат примери, односно решени задачи кои се однесуваат на ентропијата како мерка за неизвесност на системите, која подоцна е поврзана со стапката на компресија на податоците, следуваат решени примери за информација и взаемна информација. Решени проблеми кои се однесуваат на дискретен извор на информации, кодирање на информации, но, разгледани се и примери кои го опфаќаат проблемот за оптималноста на кодот, а дадени се и примери за некои симболички кодови (алгоритамот на Huffman (Хофман) за конструкција на оптимален код, Shanno (Шановиот) бинарен код, Gilbert – Moor (Гилберт-Мур) кодирањето и Shannon – Fano (Шанон-Фано) алгоритамот за кодирање, како и Lempel – Ziv (Лемпел-Зив) алгоритамот за stream – код. Во последниот дел решени се повеќе задачи за комуникациски канал и дадени се постапки за определување на капацитетот на некои типови комуникациски канали. По решените задачи од секоја тема, последователно се дадени задачи за самостојна работа кои треба да им помогнат на студентите за самоевалуација на стекнатите знаења.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Computer and information sciences |
Divisions: | Faculty of Computer Science |
Depositing User: | Marija Miteva |
Date Deposited: | 18 Feb 2019 09:32 |
Last Modified: | 25 Mar 2019 12:40 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21578 |
Actions (login required)
View Item |