Генерирање на атрибути од фреквентен домен кај временски серии

Zdravevski, Eftim and Lameski, Petre and Trajkovik, Vladimir and Kulakov, Andrea and Koceski, Saso (2018) Генерирање на атрибути од фреквентен домен кај временски серии. [Project]

Full text not available from this repository.

Abstract

Разните сензори, без разлика на нивната природа, генерираат податоци во различно време. За препознавање на активности најчесто се употребуваат акцелерометри и жироскопи, како и амбиентални сензори.Тие не се носат и даваат поинаков вид на сигнали од инфрацрвени сензори, сензори осетливи на далечина, микрофони, пиезоелектрични сензори и други. За други намени, на пример за анализа на аномалии, може да се употребуваат сензори кои мерат сосема различни типови на сигнали. Анализата на сензорските мерења се прави за препознавање на шаблони или предвидување на некои идни настани, какви што се постигнување критични вредности, дефекти и слично. За да се овозможи тоа, потребно е генерирање на информативни атрибути, кои понатаму ќе овозможат градење на робустни класификациски и кластерирачки модели.

Во рамките на овој проект главен акцент ќе биде ставен на анализа на информативноста и осетливоста на концептуални отстапувања на атрибути кои се генерирани од фреквентниот домен. Ваквите атрибути се добиваат во две фази. Прво, со примена на брза Фуриева трансформација, проблемот се трансформира од временски во фреквентен домен. Потоа, може да се прави филтрирање по фреквенција и со пресметување на разни статистички метрики, да се генерираат атрибути. Од посебен интерес е споредбата на ваквите атрибути со атрибутите кои потекнуваат од временскиот домен.

Item Type: Project
Subjects: Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Saso Koceski
Date Deposited: 15 Feb 2019 08:47
Last Modified: 15 Feb 2019 08:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21573

Actions (login required)

View Item View Item