Mojsov, Kiro and Jordeva, Sonja (2018) Хемиска текстилна технологија. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип .
Full text not available from this repository.Abstract
Овој е-учебник настана како резултат на потребата на студентите од IV-та година
на Технолошко-техничкиот факултет на студиските програми Текстилно инженерство и
Текстил дизајн и менаџмент за совладување на знаењата по предметот Хемиска
текстилна технологија.
Е-учебникот ќе можат да го користат и студентите од студиската програма
Технологија на текстил и облека за предметите Хемиска текстилна технологија 1 и 2.
Исто така овој е-учебник можат да го користат и стручњаците кои работат во погоните
за доработка на текстилот.
Е-учебникот има за цел да им пружи на студентите и стручњаците обемни
информации од областа на подготовката, боењето и печатењето на текстилните
материјали.
Е-учебникот се состои од 10 поглавја. Првите три поглавја се однесуваат на
подготовката на целулозните, протеинските и синтетичките материјали за боење и
печатење. Четвртото поглавје се однесува на теоретските основи на бои и боење на
текстил, ја опфаќа и класификацијата и номенклатурата на боите како и
термодинамиката и кинетиката на боењето. Во петото поглавје се разработени
помошните средства за боење и начините на нивна примена. Шестото поглавје се
однесува на уредите за боење на текстилен материјал во различна форма, како влакна,
преѓа, ткаенини и плетенини. Следните три поглавја го обработуваат боењето на
целулозните, проетеинските и синтетичките материјали. На крајот во десетото поглавје
детално се опишани техниките и постапките на печатење на текстилните материјали.
Печатењето заедно со белењето и боењето претставуваат три најважни и најшироки
подрачја на облагородување на текстилните материјaли.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Chemical engineering |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Sonja Jordeva |
Date Deposited: | 14 Feb 2019 06:48 |
Last Modified: | 13 Aug 2019 10:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21558 |
Actions (login required)
View Item |