Редукција на ДМФТ индексот после имплементација на „Национална стратегија за превенција на орални заболувања кај деца од 0-14 години на Република Македонија за периодот 2008 - 2018 година”

Carceva Salja, Sofija and Getova, Biljana and Papakoca, Kiro and Kitanovski, Stefan (2018) Редукција на ДМФТ индексот после имплементација на „Национална стратегија за превенција на орални заболувања кај деца од 0-14 години на Република Македонија за периодот 2008 - 2018 година”. Knowledge – International Journal. ISSN 2545-4439

[thumbnail of agia triada pdf.pdf]
Preview
Text
agia triada pdf.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Предвременото губење на млечните и перманентните заби, особено моларите, може да доведе до нарушување на нормалниот раст и развој на денталните лакови и дентофацијалните структури. Водечката причина на предвременото губење на заби е забниот кариес, кој претставува прогресивно микробно заболување кое ги афектира тврдите забни супстанци, а воедно е едно од најпревалентните заболувања во светот, со енормно опаѓање на преваленцата во развиените земји. Поради овие причини како и поради високиот ДМФТ индекс од 6.88, “Националната стратегија за превенција на орални заболувања кај деца од0-14 год. во РМ 2008-2018“ беше изработена. Покрај повеќето примарни превентивни мерки, особен приоритет беше даден на залевањето на јамичките и фисурите на првите перманентни молари, кој во целокупниот ДМФТ беше најмногу застапен. После десетгодишна имплементација на овие мерки, евалуацијата покажа импресивни резултати - намалување на ДМФТ индексот (од 6.88 на 1.93). Примарнитге превентивни мерки од националната стратегија, воглавно поддржани од голем број на меѓународни студии, покажаа ефективност во превенција на забниот кариес и последователното орално здравје кај младата популација. Оралното здравје не треба да се гледа како изолирана состојба, туку повеќе како составен дел на целокупното здравје кај човекот, со тоа правејќи ја националната стратегија уште позначајна во унапредувањето на здравјето на децата и адолесцентите.
Клучни зборови: кариес, превенција, малоклузија, орално здравје

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sandra Atanasova
Date Deposited: 06 Feb 2019 08:10
Last Modified: 01 Apr 2019 13:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21508

Actions (login required)

View Item View Item