Важноста на Пап-тестот како цитолошка скрининг-метода

Bogdanovska, Lepa (2019) Важноста на Пап-тестот како цитолошка скрининг-метода. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of spec.trud Lepa Bogdanovska.pdf]
Preview
Text
spec.trud Lepa Bogdanovska.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Воведен дел: Папаниколау-тестот или PAP-тестот како цитолошки дијагностички тест е од исклучителна важност во раното дијагностицирање на ракот на грлото на матката. Во развиените земји се користи како задолжителен скрининг-тест и значително влијае во намалување на инциденцијата и морталитетот од оваа болест или цервикален канцер. Како скрининг-тест се препорачува кај жени во репродуктивниот период, од причини што нема дијагностичко значење за постоење на грло на матка кај девојчиња помали од 25 години. Цел на студијата е да се изврши евалуација на преваленцијата на цервикален канцер или преканцерозни лезии кај жени од 21-40 год. на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Материјал и методи: Со користење на PAP-тестот евалуирани се сите промени во грлото на матката, и со помош на медицински лаборанти и доктор потврдени се цитолошките промени со помош на микроскопирање и нивна визуелизација на цервикален размаз. Тоа вклучува ексфолијација на клетките од зоната на грлото на матката, со цел потврдување на преканцерогени или канцерогени промени. Резултати: Студијата покажува дека PAP-тестот како рутински дијагностички тест нуди одлична можност за потврдување на морфолошки промени во самите клетки, кои упатуваат на одредени преканцерогена цервикална интраепителна неоплазија и рак на матката. Заклучок: Отсуството на ваквиот скрининг или нередовното земање материјал за анализа со помош на PAP-тестот може да ги испушти или навреме да не ги воочи првичните цервикални лезии во самите клетки, што резултира со канцерогени промени или рак на матката.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 05 Feb 2019 08:59
Last Modified: 28 Mar 2019 10:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21403

Actions (login required)

View Item View Item