Mladenoski, Ranko (2018) Поезијата во романите на Венко Андоновски. Зборник на трудови од Третата меѓународна научна конференција ФИЛКО (филологија, култура, образование), III (3). pp. 429-437. ISSN ISBN: 978-608-244-593-9
Preview |
Text
Mladenoski trud Zbornik FILKO 3.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Класичната класификација на книжевноста на „поезија“ и „проза“ (според формата на книжевните дела, односно според нивната синтакса, кажано со модерниот книжевно-теориски вокабулар) е од поодамна разнишана во постмодернистичкиот книжевен модел. Во овој труд ја илустрираме ваквата постмодернистичка книжевно-уметничка стратегија преку анализа и интерпретација на дискурсот со доминантно поетски специфики во четирите романи на Венко Андоновски: Азбука за непослушните (1994), Папокот на светот (2000), Вештица (2006) и Ќерката на математичарот (2013). Во елаборацијата на прашањето за поетскиот јазик во романите на Андоновски во голема мера ќе бидат применети книжевно-теориските истражувања на Јуриј Лотман за второстепената уреденост на јазикот во поетскиот израз со чија помош ќе се покаже и ќе се докаже поставената теза за обемното присуство на „поетската нарација“ во романите на македонскиот автор Венко Андоновски чие книжевно дело веќе подолго време се афирмира не само на европската туку и на современата светска книжевна сцена.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 05 Feb 2019 08:55 |
Last Modified: | 05 Feb 2019 08:55 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21368 |
Actions (login required)
View Item |