Nanev, Lazar and Kosevaliska, Olga (2018) Скрипта по Малолетничко казнено право. ISBN 978-608-244-529-8.
Preview |
Text
Скрипта Малолетничко казнено право .pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Постапувањето спрема децата отсекогаш имало свои специфики по кои сосема се разликувало од постапувањето спрема возрасните, како сторители на кривични дела. Ваквата потреба се оправдува со психо-физичкиот, емоционалниот и менталниот степен на развиток на детето и соодносот помеѓу возраста и зрелоста, но и расчекорот помеѓу желбите, можностите и потребите на младиот човек. Поради влијанието на егзогените и ендогените фактори детето не е во состојба да ги сфати последиците од преземеното дејствие и не секогаш може успешно да направи дистинкција помеѓу општествено прифатливото и неприфатливото однесување.
Потребата за изработка на учебно помагало посветено на санкциите кои што можат да се изречат спрема децата се наметна со оглед на фактот што оваа материја од материјалното, процесното и пенетенцијарното казнено право се издвои во посебен закон. Новите приоди во постапувањето беа првично прифатени во Законот за малолетничката правда, којшто се применуваше од 2009 до 1 декември 2013 година, а според позитивното законодавство и со мали измени постојат и во Законот за правда за децата.
Со Законот за правда за децата системот на санкции кои што може да се изречат спрема деца стана доста комплексен па токму од овие причини истиот мора теоретски добро да биде елабориран.
Подготвеното учебно помагало е наменето, пред сé, за студентите на студиите од прв циклус на правните науки, но може да помогне и во совладување на материјата посветена на децата во ризик и за студентите од втор циклус на правните науки.
Штип, 2018 година Од авторите
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Olga Kosevaliska |
Date Deposited: | 04 Feb 2019 09:04 |
Last Modified: | 04 Feb 2019 09:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21324 |
Actions (login required)
View Item |