Pavlova, Irena and Ivanovska, Biljana (2018) Зборообразувачки процеси кај глаголите изведени од сопствени имиња во германскиот јазик. In: Трета меѓународна конференција, Филологија, култура и образование, ФИЛКО, 26-27 Apr 2018, Stip, Macedonia.
Text
FILKO No3-pages-1-15-edited-converted.docx Download (2MB) |
|
Preview |
Text
Зборообразувачки процеси кај глаголите изведени2.pdf Download (735kB) | Preview |
Abstract
Во овој труд се прави приказ на зборообразувачките процеси кај глаголите во германскиот јазик, пред сė, оние изведени од сопствени имиња (лични имиња, презимиња, прекари, псевдоними, фамилијарни, племенски, етнички и географски имиња). Се прави обид да се побие мислењето дека глаголите изведени од сопствените имиња се многу ретки. Објаснувањата ги поткрепуваме со примери од типот: Charles C. Boycott (boykottieren/бојкотира), Christian J. Doppler (основоположникот на доплер сонографијата, dopplern/доплер), Gregor Mendel (mendeln или ausmendeln / закони за наследни белези), Charles D. Dotter (dotter/синоним за ангиопластика) и др. Како корпус се користат германски потврди од дневни и неделни весници и списанија кои беа најдени во германскиот јазичен корпус на Институтот за германски јазик во Манхајм. Целта е да се покаже дека глаголската форма од презимето „Röntgen“ (Рентген) не е единствен пример за овој вид на зборообразувачки процес во германскиот јазик (röntgen). Се наведуваат примери на германски глаголи кои се етаблирани во јазичниот систем, а кои се изведени со експлицитна деривација, со конверзија или со внатрешна зборовна промена на сопствените имиња. Се опишуваат глаголите, како: stoibern, brahmsen, thomasmannen, wagnern кои изразуваат дека личноста се однесува, изгледа, зборува, пишува и/или мисли како одредената/именуваната личност изразена преку овој глагол. Идејата е да се покаже дека глаголите изведени од сопствените имиња се чести и општо прифатени во германскиот јазичен систем.
Клучни зборови: зборообразување, глаголи, сопствени имиња, деривација, конверзија
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Biljana Ivanovska |
Date Deposited: | 04 Feb 2019 09:03 |
Last Modified: | 24 Jul 2019 09:06 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21308 |
Actions (login required)
View Item |