Улогата на емпириските истражувања за развивање прагматичка компетенција кај изучувачите на странски јазици

Kusevska, Marija and Ivanovska, Biljana and Daskalovska, Nina (2018) Улогата на емпириските истражувања за развивање прагматичка компетенција кај изучувачите на странски јазици. ФИЛКО - Зборник на трудови од Трета меѓународна научна конференција за филологија, култура и образование. pp. 321-328. ISSN 978-608-244-308-9

[thumbnail of FILKO No 3.pdf]
Preview
Text
FILKO No 3.pdf

Download (4MB) | Preview
[thumbnail of Улогата на емпириските истражувања.pdf]
Preview
Text
Улогата на емпириските истражувања.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Предмет на ова истражување е говорниот чин на приговарање во меѓујазикот на македонските изучувачи на англискиот јазик. Тоа има за цел да го сврти вниманието кон две значајни работи во изучувањето на странските јазици. Прво, сметаме дека со засилувањето на глобализацијата и зголемувањето на комуникацијата меѓу луѓето од различни култури, се зголемува и потребата за вклучување на прагматиката во наставните програми. За жал, и покрај тоа што прагматичките компетенции како концепт се составен дел и на ЗЕРР, во наставата на нив воопшто не се обрнува внимание. Второ, овој труд ја илустрира нашата заложба наставните програми за изучувањето на странските јазици воопшто, и за развивањето на прагматичките компетенции посебно, да се изработуваат врз основа на емпириски истражувања спроведени со македонски изучувачи во македонски услови. Истражувањето беше направено во рамките на проектот „Улогата на експлицитните инструкции за стекнување прагматичка компетенција при учењето англиски и германски јазик“ кој се спроведува на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во него учествуваа 52 студенти на Катедрата по англиски јазик на Б2 ниво. Во првата фаза на проектот беше спроведен Тест за пополнување на дискурс кој се состоеше од пет ситуации со различни контекстуални карактеристики. Одговорите на изучувачите беа споредени со одговори на родени говорители за да се откријат разликите меѓу двете групи. Врз основа на ова беше составен силабус и е-модул за усвојување на говорниот чин на приговарање. Добиените резултати покажуваат дека емпириските истражувања во прагматиката на меѓујазикот може да им дадат значајни насоки на наставниците за тоа што им е потребно на нивните студенти за подобрување на прагматичките компетенции.
Клучни зборови: меѓујазик, прагматичка компетенција, говорни чинови, наставни програми, експлицитни инструкции

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Kusevska
Date Deposited: 04 Feb 2019 09:02
Last Modified: 04 Feb 2019 09:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21307

Actions (login required)

View Item View Item