Анализа на секторот за угостителство и туризам

Metodijeski, Dejan and Mihajlovska Vasilevska, Daniela and Stojanova, Maja and Todorovic, Emilija and Dimovski, Cedomir (2017) Анализа на секторот за угостителство и туризам. Министерство за образование и наука, Скопје.

[thumbnail of ans-ugostur-min.pdf]
Preview
Text
ans-ugostur-min.pdf

Download (896kB) | Preview

Abstract

Посебна улога во подобрување на конкурентноста и економскиот раст во едно општество имаат човечките ресурси. Вработените со своето знаење, способности и вештини, во голема мера придонесуваат за зголемување на продуктивноста, а перманентното вложување во нивното образование е единствениот начин за зачувување и унапредување на конкурентската предност. Потребата за континуирано образование е предизвикана и од брзиот раст на современото општество, техничко – технолошкиот развој, посебно во доменот на информатичко – комуникациската технологија, што бара нови знаења и вештини, но и нови занимања. Човечките ресурси, односно образованието и обуката кои го одредуваат квалитетот на човечките ресурси, се наоѓаат во основата на пирамидата на конкурентноста. Тие заедно со другите фактори на конкурентноста (бизнис средината, економската и финансиската политика, претприемништвото и развојот на претпријатието, иновациите и креативноста), влијаат на продуктивноста, зголемувањето на извозот, инвестициите и намалувањето на трошоците и цените и зголемување на конкурентноста во дејноста. Реформата на образованието во Р. Македонија направи децентрализација на образовниот систем во согласност со европските искуства и современите пазарни економии. Цели на децентрализацијата и на реформите беа: еднакви права на образование, откривање на потенцијалите на учениците, воведување на европски стандарди, продолжување на образованието во флексибилни системи кои им овозможуваат на учениците вертикална и хоризонтална мобилност. Анализата на Секторот за угостителство и туризам се фокусира на собирање информации од релевантни организации/здруженија на работодавачи. Со цел да се обезбедат потребните информации за 6-те клучни области за изготвувањето секторска мапа за секторот земени се реални податоци од релевантните институции и субјекти од областа на угостителството и туризмот.

Item Type: Other
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 01 Feb 2019 10:12
Last Modified: 01 Feb 2019 10:12
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21261

Actions (login required)

View Item View Item