Мотивацијата како клучен фактор за изучување на германскиот јазик кај учениците од средно гимназиско образование

Tasevska, Marica and Hadzi-Nikolova, Adrijana and Donev, Dragan (2018) Мотивацијата како клучен фактор за изучување на германскиот јазик кај учениците од средно гимназиско образование. Годишен зборник 2018 - Филолошки факултет, УГД - Штип, 9 (12). ISSN 1857-7059

[thumbnail of 2369] Text
2369

Download (3kB)

Abstract

Теоријата на мотивацијата има една долга традиција пред сè со мноштво од најразлични тенденции карактеристични за своето време. Нејзините почетоци се присутни уште во Антиката преку старогрчкиот филозоф Епикур (314 –270 год. пр.н.е) и неговиот хедонизам чија цел е достигнување среќен и мирен живот кој би се одликувал со душевна непоматеност, ослободеност од страв и отсуство на болка, а кулминацијата ја достигнува со појавата на хуманистичката психологија и Адам Маслов (1908 –1970), преку неговата теза на поставување приоритети и самоактуализација. Мотивацијата и до ден денес е присутна во секоја сфера на човековото дејствување, па и во наставата по странски јазик. Немотивираноста го попречува остварувањето на конкретни цели, па оттука наш предмет на истражување е токму присуството на мотивацијата кај учениците од средното гимназиско образование за изучување на германскиот јазик. Истражувањето ќе се врши преку претходно подготвен прашалник за учениците, а неговите резултати ќе се пласираат токму во овој труд, со надеж дека истите ќе можат да се интегрираати во наставата со цел полесно усвојување на странските јазици.
Клучни зборови: настава, странски, мотивираност, јазици, ученици, образование

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marica Tasevska
Date Deposited: 01 Feb 2019 10:10
Last Modified: 01 Feb 2019 10:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21251

Actions (login required)

View Item View Item