Kosevaliska, Olga and Apasiev, Dimitar and Ivanova, Elena (2018) Начелото на законитост – нужен коректив против, арбитрерноста на државните органи во кривичната постапка. Годишен зборник на Правен факултет (8). pp. 54-69. ISSN 1857 – 8713
Preview |
Text
Olga, Dimitar Elena Zbornik 2018 dek.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Секој национален казнено правен систем е базиран на извесни принципи, кои се плод на неговата правна традиција и кои се оформени врз основа на карактеристиките на правниот и општествено политичкиот систем на државата. Оттука, содржината на правните начела е нераскинливо поврзана и зависна од политичкото уредување и границите на арбитрерност и ограничување на фундаменталните човекови права. Во оваа смисла, кривичното право и кривичната постапка отсекогаш биле зависни од развитокот на политичкиот систем, па оттука и од начелата на казненото право можеме да оцениме дали еден политички систем е арбитререн или либерален. Современите начела се цивилизациска придобивка од развојот на кривично правната теорија и пракса. Во овој коавторски труд ќе направиме обид да го анализираме начелото на законитост, неговиот историски развиток, неговата имплементација во меѓународните инструменти, во Меѓународниот кривичен суд како и меѓународните ad hoc трибунали, Европскиот суд за човекови права, како и правните последици кои се резултат на неговата примена. Посебен осврт ќе дадеме на начелото на законитост во македонското позитивно казнено право. Имено, принципот на законитост е темелна вредност, човеково право, но и фундаментален принцип во казненото законодавство. Согласно ова основно начело – нема кривично дело и нема санкција без претходна законска одредба: Nullum crimen, nulla poena sine lege, што всушност преставува гарнација за човековата слобода. Начелото на законитост ги штити граѓаните од арбитрерноста на државните органи, од незаконитото мешање, но има за цел и да осигури правичност и транспарентност на судските власти.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Elena Maksimova |
Date Deposited: | 01 Feb 2019 10:09 |
Last Modified: | 25 Jul 2019 09:35 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21248 |
Actions (login required)
View Item |