Petrevska, Biljana (2019) Промотивни активности (скрипта за интерна употреба за студенти на ФТБЛ – хотелско-ресторанска насока). . (Unpublished)
Preview |
Text
Interna skripta po PA_hotelsko.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Ракописот претставува скрипта за интерна употреба која е наменета единствено за студентите на Хотелско-ресторанстката насока кои го изучуваат предметот Промотивни активности на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Основна цел е да им помогне на студентите во совладување на најважните теми од областа на туристичката промоција. Нивото и стилот на обработка на материјалот се приспособени кон знаењата и потребите на студентите од додипломските студии. Имајќи предвид дека ова е нерецензиран ракопис, не е исклучена можноста ракописот да има одредени недостатоци кои треба објективно да се согледаат и надминат. Оттука, секоја добронамерна сугестија и забелешка ќе бидат прифатени со посебно задоволство.
Интерната скрипта е напишана со јасен и разбирлив јазик при што методолошки е структурирана во глави кои меѓу себе се надополнуваат, а во секоја од нив се разработени основните поставки, потребата и значењето на туристичката промоција. Секоја глава започнува со кратко информативно појаснување за точките кои ја обработуваат главната тема понудена како глава. Воедно, поставени се целите на учење кои студентите треба да ги постигнат преку совладување на темата. Во секоја тема вклучени се примери кои имаат цел сликовито да ја прикажат материјата и да ја доближат до студентите. По секоја тема дадени се примери кои имаат цел сликовито да ја прикажат материјата и да ја доближат до студентите, а воедно понудени се прашања за дискусија и вежби кои им овозможуваат на студентите да проверат дали целосно ја разбрале наставната материја.
Материјалот се состои од три глави кои ги покриваат најзначајните теми кои вообичаено се сретнуваат во литературата од оваа област. Притоа, првата глава ги обработува поимните определби кои се однесуваат на промоцијата, втората глава ги појаснува основните форми на промотивните активности, додека третата глава накратко ги појаснува средствата и медиумите за туристичка промоција.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Biljana Petrevska |
Date Deposited: | 01 Feb 2019 10:06 |
Last Modified: | 28 Mar 2019 10:49 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21233 |
Actions (login required)
View Item |