Drakalska, Elena and Angelovska, Bistra and Ucok, Aleksandra (2018) Карактеризација на препарати со хијалуронска киселина и нивна примена за козметички и медицински цели. Фармацевтски информатор. pp. 53-58. ISSN 1409-8784
Text
index.html Download (69kB) |
|
Preview |
Text
Informator_2018_.pdf Download (444kB) | Preview |
Abstract
Формулацијата на иновативни препарати со хијалуронска киселина е сѐ поактуелна во козметичката индустрија и медицината. Хијалуронската киселина игра круцијална улога против процесот на стареење на кожата кој се должи на внатрешни и надворешни фактори. Без оглед на фактот што овие процеси се разликуваат, појавата на реактивни слободни радикали кои потекнуваат од клеточниот метаболизам, е во основата на стареењето на кожата. Реактивните слободни радикали при внатрешното и надворешното стареење на кожата го индуцираат транскрипциотиот фактор с-Jun, преку митоген активирана протеин киназа, што предизвикува експресија на матрикс металопротеинази и намалување на експресијата на проколаген-1. Зголеменото ниво на деградиран колаген и редуцирана продукција води до појава на стареење на кожата. Покрај овој фактор, намалувањето на влажноста на кожата е клучен сегмент во појавата на брчки. Главна улога за обезбедување на хидратација на кожата игра хијалуронската киселина, со нејзината способност за врзување и задржување на вода како високохигроскопна молекула.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Elena Drakalska Sersemova |
Date Deposited: | 01 Feb 2019 08:14 |
Last Modified: | 01 Feb 2019 08:14 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21225 |
Actions (login required)
View Item |