Скрипта по меѓународно јавно право

Marolov, Dejan (2018) Скрипта по меѓународно јавно право. ISBN 978-608-244-571-7.

Full text not available from this repository.

Abstract

Во првиот дел од скриптата авторот дава воведни забелешки и го обработува поимот на Меѓународното јавно право. Воедно авторот прави и краток осврт на историскиот развој и предмет на изучување на меѓународното јавно право, создавајќи претстава за основите и делокругот на работи кои што се предмет на негово изучување. Во овој дел, се посветува соодветно внимание и на односот на меѓународното право со внатрешното право, преку што реално се детерминира и предметот на изучување на оваа правна дисциплина. Авторот не пропушта да го третира и меѓународниот систем како специфична средина, односно амбиент во која функционира и се практикува Меѓународното јавно право.
Во вториот дел од Скриптата, авторот пристапува кон разработување на изворите на меѓународното јавно право вклучувајќи ја и нивната кодификација. На тој начин, обработувајќи ги изворите авторот ја обработува и нивната хиерархиска поставеност.
Третиот дел од скриптата се однесува на државата како субјектит на Меѓународното јавно право. Во овој дел посебно се елаборира државата како еден од основните субјекти на меѓународното право. Се обработуваат белезите на државата, основните права и обврски, теориите за признавање на држави и влади, видовите држави а во овој контекст се наведуваат и определени специфични случаеви. Воедно се обработуваат и органите надлежни за водење на меѓународните односи.
Во четвртиот дел од Скриптата вниманието е насочено кон обработка на меѓународните организации како субјекти на меѓународното право преку дефинирање на основните поими и објаснување на нивните видови. Во таа смисла, посебно внимание се посветува на Организацијата на Обединети Нации и Лигата на народите како нејзин претходник. Повелбата на Обединетите Нации и нејзините органите се соодветно елаборирани.
Во петтата глава предмет на обработка е индивидуата како субјект на меѓународното право преку обработка на пред се, човековите права, како од теоретски така и од правен аспект преку анализа на основните правни документи за заштита на човековите права во системот на ОН но и регионалните меѓународно правни рамки за заштита на човековите права. На самиот крај од оваа глава се разработуваат и правата на малцинствата како дел од корпусот на човекови права.
Шестата глава од скриптата по меѓународно јавно право ја обработува областа на меѓународното договорно право. Поточно, авторот ги обработува меѓународните договори, нивната форма, фази на склучување, важност, ништовност и начелото ,,pacta sunt servanda”.
Во седмиот дел се елаборираат дипломатското и конзуларното право како дел од Меѓународното право. Во таа смисла, авторот конкретно го објаснува поимот ,,дипломатија", начинот на функционирање, целите на дипломатските и конзуларните мисии како и постапката за поставување и разрешување на дипломатските и конзуларните службеници. Како нераскинлив дел од оваа проблематика авторот ги третира и привилегиите и имунитетите кои ги уживаат дипломатските мисии како специфични форми на претставување и нивните службеници.
Во осмата глава, предмет на проучување е меѓународното право на морето како дел од меѓународното право, вклучувајќи го и меѓународно правниот статус на меѓународните езера, реки, протоци и морски канали. Воедно, во овој дел сместена е и обработката на други области на меѓународното право како државната територија, нејзиното стекнување и трансфер, меѓународната службеност, сукцесија на државите и правниот режим на поларните области и вселената.
Во деветтата глава од оваа скрипта, авторот ги обработува формите на мирно решавање на меѓународните спорови особено задржувајќи се на работата и надлежностите на Меѓународниот Суд на Правдата како судска инстанца и орган на светската организација.
Десеттата глава го третира Меѓународното воено право, како право кое го надополнува односно заменува важењето на мирнодопското меѓународно право во ситуација кога мирното решавање на меѓународните спорови не е успешно и не наоѓа примена. Подетално, во овој дел се обработуваат jus ad bellum и меѓународното хуманитарно право а се дефинира и концептот на неутралноста.
Во единаесеттата и последна глава од оваа скрипта, авторот го заокружува материјалот по меѓународно јавно право преку обработка на меѓународното право за животна средина како област во меѓународното право од понов датум. Оваа проблематика се обработува како од теоретски така и од правен аспект вклучувајќи и обработка на значајни судски пресуди од конкретната област.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dejan Marolov
Date Deposited: 15 Jan 2019 15:33
Last Modified: 15 Jan 2019 15:33
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21133

Actions (login required)

View Item View Item