Risk factors associated with musculoskeletal disorders in dentistry

Toneva Stojmenova, Verica and Toneva Nikolova, Aleksandra and Naskova, Sanja and Atanasova, Sandra and Kovacevska, Ivona and Rogoleva Gjurovski, Sonja and Kocovski, Darko (2018) Risk factors associated with musculoskeletal disorders in dentistry. Knowledge - International Journal, Scientific Papers. ISSN 2545-4439

[thumbnail of Doc.pdf]
Preview
Text
Doc.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Мускулоскелетни нарушувања (МСН) се сериозни здравствени проблеми кои влијаат на мускулите, зглобовите, лигаментите, тетивата, 'рскавицата, крвните садови и нервите. Голем ризик за развој на мускулоскелетни проблеми имаат стоматолозите, поради нивната позиција кога работат во ординациите. Резултатите на МСН се: ограничени движења, непријатност и болка во тригер точки. Затоа наша цел ни беше да ги истражиме факторите на ризик поврзани со овие нарушувања кои предизвикуваат делумен хендикеп при работењето.
Ние ја проценивме распространетоста на симптомите на МСН кај стоматолозите и преваленцата на симптоми пријавени од страна на испитаниците беше многу висока: 92,4% од испитаниците изјавиле дека имаат најмалку еден симптом на МСН.
Најболните делови на телото се: грбот, вратот и грбот. Анатомски најмногу изложен на ризик од сите региони е рамото. Според полот, мускулоскелетни симптоми се поприсутни кај жените. Откривме дека преваленцата на МСН е позитивно поврзана со зголемување на возраста. Статистички значаен е добиениот резултат дека стоматолозите во однос на студентите можат да ја препознаат и идентификуваат сопствената вистинска ергономска или погрешна позиција, која предизвикува мускулоскелетни симптоми. МСН е со повисок процент кај студентите отколку кај стоматолозите. Како објаснување за оваа состојба е дека искусни стоматолози се подобри во нивните работни техники и позиции, кои ги применуваат со цел да се избегнат мускулоскелетни проблеми, во споредба со нивните помалку искусни колеги т.е. денталните студенти.
МСН обично се развиваат како резултат на кумулативната изложеност на различни фактори на ризик. Најчесто споменатите фактори на ризик се: ограничени несоодветни работни места, поле на работа, повторувачки движења, неергономски инструменти и недостаток на обука.
MСН е значаен професионален здравствен проблем во стоматологијата. Со цел да се зголеми квалитетот на животот без МСН и да се обезбеди висококвалитетна медицинска услуга за стоматолози и дентални работници потребно е менаџирање на факторите на ризик. Стоматолозите треба да се едуцираат за ергономските позиции за секојдневна работа, исто така треба да се спроведат ергономски обуки пред и по дипломирање за поефикасно користење на телото и стоматолошката опрема, а соодветно на тоа да го имплементираат знаењето. Исто така, тие мора да одржуваат соодветен ергономски став, да се ослободат од психолошкиот стрес со редовни секојдневни вежби, да се одмораат и да ја подобрат работната средина.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sanja Naskova
Date Deposited: 15 Jan 2019 15:09
Last Modified: 11 Dec 2024 13:06
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21117

Actions (login required)

View Item View Item