Naskova, Sanja and Atanasova, Sandra and Toneva Stojmenova, Verica and Zlatanovska, Katerina and Arsovski, Ljupka (2018) Dental care for children with autism. Knowledge - International Journal, Scientific Papers. ISSN 2545-4439
Preview |
Text
Doc1.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Оралното здравје е многу важна компонента на здравиот секојдневен живот. На децата со аутизам можеби им треба поголема стоматолошка заштита во однос на не-аутистичните, здрави деца. Аутизмот е развојна попреченост што се карактеризира со потешкотии во социјалната интеракција. Некои индивидуи со аутизам се способни да имаат независен живот, додека на други им се неопходни придружници за учење и им треба помош и поддршка. Одењето на стоматолог може да биде причина за вознемиреност за повеќето од нас и претставува многу различно чувство за лицата со аутизам. Пациентите со аутизам имаат потешкотии да останат мирни и да му дозволат на стоматологот да го направи она што е потребно, и затоа бараат присуство на нивна сакана личност до нив. Совладувањето на ефективна орална техника кај децата со аутизам може да биде предизвик за родителите, старателите и стоматолошките професионалци. Тоа е предизвик за кој е потребен напор, бидејќи ефективното четкање и чистењето забите ќе биде основа за долгогодишно добро орално здравје. Иако децата со аутизам аплицираат за добивање на стоматолошки услуги, процентот на децата кои добиваат стоматолошка грижа е значително ниска и повеќето од извршените услуги се сведуваат на екстракција на забите. Се смета дека на оралниот статус на децата со аутизам е негативно влијаат многу фактори. Затоа, родителите, воспитувачите и стоматолозите треба да бидат свесни за овој факт и да бидат насочени кон подобрување на оралната хигиена на овие деца и да обезбедат стоматолошка грижа која им е потребна. За време на третманот, стоматологот треба да комуницира со детето на начин кој тој или таа можат да го разберат. Треба да се користи пристапот "кажи, покажи, направи" при објаснување на третман и процедури. Да се зборува со јасни, конкретни термини. Оралниот преглед треба да започне полека, со користење на прсти, доколку е успешно може да се користат стоматолошки инструменти. Стоматолошките инструменти и светлото треба да се бидат надвор од видикот на детето. Другите сензации како звуци и мириси треба да бидат редуцирани бидејки можат да го одвлечат вниманието на детето. Да се избегнуваат прекини во работата и да има друг персонал колку што е потребно. Кооперативното однесување треба да се награди со позитивни вербални пофалби. Просторот околу стоматолошкиот стол треба да биде чист и да се внимава на необични движења на телото и да се предвидат идните движења. Техниките за имобилизација можат да се користат само со согласност на родителите за да се избегнат потенцијални повреди. Истиот персонал, стоматолошка ординација и времето на закажување треба да бидат исти доколку е возможно при секоја посета. Седација кај овие деца може да се употреби со соодветни мерки на претпазливост и консултација со друг лекар. Општа анестезија може да се употреби само кај комплексен хируршки или реставративен третман. Стоматолошката терапија и превенција треба да содржи чувари на уста за децата со бруксизам или самоповредувачко однесување, електричните четки за заби можат да бидат премногу стимулирачки за некои деца и треба да се препорачаат само откако ќе се утврди дека детето ќе ги толерира. За време и после третманот, стоматологот треба да ги отстрани сите стоматолошки инструменти од устата, да се исчисти областа околу стоматолошкиот стол да се остане и да се сврте детето на едната страна.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Sanja Naskova |
Date Deposited: | 15 Jan 2019 15:01 |
Last Modified: | 23 May 2023 09:39 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21116 |
Actions (login required)
View Item |