Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver and Cuculeski, Nikola and Taskov, Nako and Micev, Georgi and Dimovski, Cedomir and Todorovic, Emilija (2018) Туристичко водење: специфики на алтернативните форми на туризам. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-01-6
Preview |
Text
TURISTICKO VODENJE KNIGA.pdf Download (104kB) | Preview |
Abstract
Оваа книга, насловена како „Туристичко водење: специфики на алтернативните форми на туризам“ е наменета за сите кои работат во туристичкиот сектор, за академската јавност, учениците, студентите, истражувачите, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со туристичкото водење. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на туризмот од аспект на туристичките водичи.
Материјалот во книгата е поделен во пет поглавја. Во првиот дел е опфатен материјалот кој се однесува на дефинирање и објаснување на терминот туристичко водење, историскиот развој на туристичкото водење и критериумите за поделба на различните видови на водење на туристи.
Вториот дел го обработува материјалот поврзан со подготовка на говор за туристичко водење, карактеристиките на туристичкиот говор и дополнителните услуги во туристичкото водење.
Во третиот дел се разгледуваат активностите на туристичкиот водич поврзани со туристичкото водење, како опфат и временска рамка на туристичкиот разглед, водење на различни видови на групи и водење на групи во странство.
Четвртиот дел е посветен на комуницирањето на туристичкиот водич со учесниците во туристичкото стопанство. Опишани се карактеристиките на различната комуникација која се користи при комуницирањето со туристите, како и методите на испитување на учесниците во туристичкиот разглед.
Во петтиот дел се обработуваат спецификите на туристичкото водење кај различни форми на алтернативен туризам како екотуризам, религиозен туризам, вински туризам, здравствен туризам, шопинг, крстарења, спортски туризам и ученички и апсолвентски екскурзии.
Во изработката на книгата користена е соодветна стручна литература и интернет извори од областа на туризмот и туристичкото водење. Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со туристичкото водење. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните сугестии за финалното комплетирање на овој материјал.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Dejan Metodijeski |
Date Deposited: | 15 Jan 2019 09:04 |
Last Modified: | 15 Jan 2019 09:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21094 |
Actions (login required)
View Item |