Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver and Cuculeski, Nikola and Taskov, Nako and Micev, Georgi and Dimovski, Cedomir and Todorovic, Emilija (2018) Гастрономски туризам – современи светски тенденции и перспективи за развој во Македонија. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-00-9
Preview |
Text
GASTRONOMSKI TURIZAM KNIGA.pdf Download (84kB) | Preview |
Abstract
Книгата „Гастрономски туризам – современи светски тенденции и перспективи за развој во Македонија“ е наменета за сите кои работат во угостителството и туризмот, за академската јавност, студентите, истражувачите, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со гастрономијата и туризмот. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на гастрономијата и туризмот.
Материјалот во книгата е поделен во пет поглавја. Во првиот дел е опфатен материјалот кој се однесува на суштината и објаснување на терминот гастрономски туризам, поврзаноста на гастрономијата и туризмот и храната како основа за развој на овој вид туризам. Во вториот дел, обработен е материјалот поврзан со историскиот развој на гастрономскиот туризам.
Во третиот дел се разгледуваат различните дефиниции за гастрономскиот туризам од страна на постоечката и релевантна литература како и институциите кои се занимаваат со овој вид на туризам.
Четвртиот дел е посветен на анализа на гастрономскиот туризам како алтернативна форма туризам од аспект на специфичноста на туристичката понудата и големината на побарувачката. Исто така, се опишуваат карактеристиките на масовниот и алтернативниот туризам.
Во петтиот дел се обработуваат основните фактори за постоење и развој на гастрономскиот туризам. Петтиот дел, кој е основата на оваа книга ги опфаќа понудата и побарувачката на гастрономски туризам, гастрономските патеки, гастрономските манифестации и музеи, туристичката политика, законската регулатива, стратегиите за развој, невладиниот сектор, образовните институции, промоцијата на гастрономскиот туризам, пазарите на храна, заштитата на храна, поврзаноста на храната и религијата и гастрономските натпревари.
Во материјалот се презентирани современите светски тенденции во развојот на гастрономскиот туризам. Исто така, претставени се потенцијалите и перспективите на Македонија за развој на гастрономскиот туризам.
Во изработката на книгата користена е соодветна стручна литература и интернет извори од областа на гастрономијата и туризмот. Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со гастрономскиот туризам. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните сугестии.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Dejan Metodijeski |
Date Deposited: | 15 Jan 2019 08:56 |
Last Modified: | 15 Jan 2019 08:56 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21093 |
Actions (login required)
View Item |