Jovanova , Biljana (2018) Некои врски меѓу математика и музика пренесени преку математичка анализа на фрагменти од музички дела. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
Biljana Jovanova-magisterski trud.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Математиката е наука која наоѓа примена во нашето секојдневие, во многу други области и науки. Кога се спомнува за корелација на математика и друго, она „другото“ е најчесто физика, архитектура, хемија, технички науки, програмирање, информатика... Секој од нас, секојдневно слуша музика од различен жанр. Кога дискутиравме со мојот ментор - професор Татјана Атанасова Пачемска, се роди заедничка идеја, да се направи истражување за поврзаноста и примената на математиката во музиката. Како математиката влијае, помага и ја менува музиката низ историјата и денес, што е тоа што ги поврзува математиката како наука и музиката како уметност. Ја избирам апликацијата на математика во музиката, од причина што таа речиси цело време е нејзин придружник, толку незабележително и истото не се истакнува. Во физиката, на пример, се забележителни математичките формули, каде јасно се забележува дека има математичка примена. Врската меѓу математиката и музиката се јавува многу одамна, уште од пред повеќе од две илјади години и опфаќа различни култури и цивилизации. Примената на математика во музиката, не беше дел од моето математичко образование. Ова ме натера да истражувам за врската меѓу математиката и музиката и нејзината примена. Најпрво ќе ја презентираме историската поврзаност на математиката и музиката. Потоа, следи делот со Питагора и неговиот придонес во музиката, напуштањето на питагоровата скала и потребата од еднаква темперација. За полесна анализа на музичките тонови и интервали, помогнала модуларната математика. Делот од комбинаторика бил искористен во дванаесет тонскиот систем. Алгебарските групи со нивните својства се структури кои многу често се среќаваат во музичките структури. Симетриите, транслациите и ротациите, се исто така трансформации кои се употребувани во музичките дела.
2
Преку анализа на фрагменти од музички дела од различни композитори и епохи, ќе се покажат примери во кои се среќааваат симетриите, транслациите и ротациите.
Клучни зборови: транслации, танспозиции, симетрии, квинтен круг, дванаесет тонски
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Computer and information sciences |
Divisions: | Faculty of Computer Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 14 Jan 2019 13:24 |
Last Modified: | 14 Jan 2019 13:24 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21077 |
Actions (login required)
View Item |