Milevski, Goce (2018) Технологијата и иновациите како основа за ефективна стратегија за долгорочна конкурентност на претпријатијата во текстилната индустрија. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
Магистерски труд..конечен.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Во овој научно-истражувачки труд е објаснето влијанието на технологијата и иновациите врз процесот на креирање на правилна менаџмент-стратегија. Промените што постојано се случуваат во надворешното опкружување стануваат критичен фактор за работењето и успехот на претпријатието. Со тоа се јавува потребата за постојано проучување на опкружувањето, моменталната состојба и согледување на можностите што можат да произлезат оттаму, а да бидат поволни за претпријатието. Во тој поглед, стратегискиот менаџмент се објаснува како континуиран процес на создавање успешни конкурентски стратегии. Во процесот на стратегискиот менаџмент посебно внимание е посветено на технологиите и иновациите. Имајќи предвид дека технологијата денес е распространета насекаде, значајна и застапена во сите активности со кои се занимава човекот, може да се каже дека секоја активност којашто произведува вредност, користи некоја технолошка помош која ги комбинира купените инпути и човечките ресурси за да произведе некој аутпут. Иновацијата во суштина претставува унапредување на технологијата. Стратегискиот менаџер ја има клучната улога во водењето на организацијата и донесувањето на клучни стратегиски одлуки, поврзани со воведување на нови технологии и иновации со цел креирање и имплементирање на правилна менаџмент-стратегија на претпријатието. Во контекстот на обработената тема е извршено и емпириско истражување, преку кое се констатира дека значајноста на новата технологија и иновациите во градењето на стратегии за постигнување на конкурентска предност во истражуваните претпријатија, несоодветно е перципирана од страна на менаџерите и вработените.
Клучни зборови: конкурентска предност, инвестиции, промени, унапредување, истражување
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 14 Jan 2019 13:19 |
Last Modified: | 14 Jan 2019 13:19 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21072 |
Actions (login required)
View Item |