Tusevska, Borka (2018) Принципот на целосна хармонизација во европското договорно право. Fifth international scientific conference "Social change in the global world", 1 (1). pp. 113-135. ISSN 978-608-244-548-9
Preview |
Text
Borka Konf V.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Предмет на проучување во овој труд претставува принципот на
„целосна хармонизација“(full harmonization) во европското
договорно право. Главната идеја на оваа истражување, е да се
анализираат предностите и слабостите од имплементацијата на
принципот на „целосна хармонизација“, versus принципот на
„минимална хармонизација“, и истите да се доведат во врска со функционирањето на заедничкиот европски пазар, степенот на ефикасност на заштита на предвидените права, конкурентноста помеѓу трговците, и влијанието врз обемот и динамиката на прекуграничните трансакции.
Преку проучување на оваа прашање, идејата е да се согледа и
влијанието на овој принцип врз националните законодавства на
земјите-членки, влијанието врз интерпретацијата на европското право од страна на националните судови, и конечно, да се согледа неговиот вистински капацитет во создавањето на хармонизирано
европско договорно право. Структурата на трудот е конципирана согласно предметот, целта и очекуваните резултати од истражувањето. Фокусот е на директивите
во областа на европското потрошувачко право, како сфера во која доминира имплементацијата на принципот на „целосна
хармонизација“. Во интерес на сеопфатна анализа на поставениот предмет на истражувањето, во трудот ќе се анализираат референти пресуди на Судот на Правдата на Европската Унија (понатаму:СПЕУ).
Клучни зборови: хармонизација, договор, потрошувач, директиви,супсидијаритет, пропорционалност.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Borka Tusevska |
Date Deposited: | 13 Dec 2018 11:36 |
Last Modified: | 13 Dec 2018 11:36 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20973 |
Actions (login required)
View Item |