Todosievska, Ana and Gorgieva-Trajkovska, Olivera (2018) Примена на финансиската анализа во оценка на кредитната способност на компаниите. Годишен зборник, Економски факултет. ISSN 1857-7628
Full text not available from this repository.Abstract
Проценката на кредитната способност на компаниите е еден од најважните процеси од кои зависи квалитетот на побарувањата, односно квалитетот на кредитното портфолио и активата на една банка. Сите фактори кои влијаат врз ризиците со кои се соочуваат банките во нивното работење, од кои најзначаен е кредитниот ризик, се предмет на испитување во процесот на финансиската анализа, односно анализата на кредитната способност на компаниите. Процесот на финансиска анализа опфаќа анализа на работењето на компанијата во минатото и сегашноста, со цел за што поуспешно предвидување на нејзината идна деловна активност.
Предмет на истражување во овој труд претставува утврдување и анализа на политиките и процедурите кои ги користат банките во проценката на кредитната способност на одделните компании, поконкретно да се утврди кои информации и се потребни на банката во процесот на анализа на финансиските извештаи и на кој начин (преку примена на кои методи и техники) истите ги толкува, за да го оцени кредитниот бонитет на компанијата и нејзината способност за задолжување.
Клучни зборови: финансиска анализа, финансиски извештаи, кредитна способност, компании
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Olivera Trajkovska |
Date Deposited: | 17 Dec 2018 10:21 |
Last Modified: | 17 Dec 2018 10:21 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20963 |
Actions (login required)
View Item |