Организиран криминал и корупција - практикум

Kosevaliska, Olga and Maksimova, Elena (2018) Организиран криминал и корупција - практикум. ISBN 978-608-244-578-6.

Full text not available from this repository.

Abstract

Сувопарното теоретско разработување на една комплексна материја, како што е развојот и манифестирањето на транснационалниот организиран криминалитет и корупцијата, е недоволен без практична правна анализа на законските, подзаконските и интернационалните решенија на домашните органи и меѓународните тела. Овој практикум е изработен со цел студентите да се запознаат со моменталните правни уредености во полето. Да увидат како се конципирани меѓународните акти и кои решенија треба да се постигнат со нив. Какви се сличностите и разликите помеѓу истите, со постојано навраќање на теоретската основа и посакуваната цел.
Исто така, по совладување на меѓународната легислатива, значајно за студентите како идни правници на нашево поднебје, е да ја проследат и разработат домашната уреденост на материјата, законите, подзаконските акти што се донесени, договорите што се имаат склучено со останати држави со цел унифицирана борба, како и работењето на најважните национални органи за сузбивање на организираниот криминал и корупцијата.
Практикумот содржи конвенции, извадоци од конвенции, извадоци од законски текстови и подзаконски решенија, обрасци и прилози кои ќе помогнат за подобро совладување на материјата.
Наменет е за студентите од првиот циклус студии на правните науки, но, може да послужи и за студентите од вториот циклус студии кои се насочени кон совладување на кривично правната и меѓународната правна област.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Elena Maksimova
Date Deposited: 12 Dec 2018 11:05
Last Modified: 16 Dec 2024 10:53
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20959

Actions (login required)

View Item View Item