Jargic, Aleksandra (2018) Влијанието на лидерските вештини и стилови врз продуктивноста на тимовите во организацијата. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
Александра Јаргиќ.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Овој магистерски труд носи наслов „Влијанието на лидерските вештини и стилови врз продуктивноста на тимовите во организацијата“. Напишан е со цел да ги разгледаме лидерските вештини и стилови и како тие влијаат врз продуктивноста на тимовите во организацијата. Глобализацијата, поделбата на трудот, проширувањето и зголемувањето на знаењата, брзиот развој на технологијата, опкружувањето, економските показатели придонесоа за нов пристап што се темели и во својата основа го има лидерството.
Модерното време само по себе е многу динамично и условено од секојдневни промени што лидерите мора да ги следат за да ги остварат организациските задачи и цели. Постојаните и брзи промени во организациската структура, сѐ поголемиот проток на информации, зголеменото количество на знаења, новите концепти и начини на работење, ја појавија и ја условија потребата од работа во тимови. Барањата и потребите на организациите сѐ повеќе се насочени кон формирање тимови, водени од тимски лидери, кои преку нив ја зголемуваат продуктивноста.
Тимот претставува најсилен инструмент во современото работење и интегрален дел од потенцијалот на човечките ресурси. Во овој труд се нагласува дека лидерот, водачот на тимот мора да биде промотор на нова енергија, кој ја перципира толеранцијата како составен израз на развојот и одгледувањето на менаџерската култура. Само со внимателно распределување на улогите, точно и професионално селектирање на членовите во согласност со нивните карактеристики, може да се обезбеди квалитетен и стабилен тим што ќе може успешно да ја постигне целта на тимот и целта на организацијата.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 07 Dec 2018 11:14 |
Last Modified: | 07 Dec 2018 11:14 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20940 |
Actions (login required)
View Item |