Ristov, Goran (2018) Управување со човечките ресурси во банкарскиот сектор. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
Magisterski trud Goran Ristov lektoriran.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Менаџментот на човечки ресурси е процес на управување со луѓе во организациите на структуриран и темелен начин. Ова ги опфаќа областите на екипирање (ангажирање на луѓе), задржување на луѓе, утврдување и управување со плати и надоместоци, управување со перформансите, управување со промени и грижа за излез од компанијата за заокружување на активностите. Функцијата на управување со човечки ресурси освен активностите за ангажирање на луѓе, нивна обука и развој исто така вклучуваат управување со пристапот кон бенифициите и надоместоците на вработените, евиденцијата на вработените и кадровските политики. Човечките ресурси се фокусираат на максимизирање на продуктивноста на вработените, како и за спроведување на политиките и процесите во организацијата. Управувањето со човечките ресурси постојано се менува и унапредува проследено со чести предизвици и промени во бизнисот. Стана јасно дека вработените без оглед која работа ја извршуваат не се потпираат на вработувањето само поради извршување на своите работни задачи и добивање плата за тоа, туку и за докажување на своите способности.
Управувањето со човечките ресурси е потсистем на секоја компанија, па исто така и на банките. Банкарската индустрија е високорегулирана велесила која го стабилизира економското опкружување на државите во целиот свет. Банките чуваат чувствителни, лични информации за своите клиенти, а комерцијалните банки често имаат и вреден инвентар – пари. Вработените во банка, од раководители до комерцијалисти, мора да имаат повисоко ниво на интегритет и доверба од вработените во повеќето други индустрии, што ја прави улогата на човечки ресурси во банкарскиот сектор многу поважна. Банкарскиот сектор прерасна од неколку институции кои првенствено се вклучени во прифаќање на депозити и финансирање на население и стопанство, во сложен пазар на повеќе играчи, каде што голем број комерцијални банки, финансиски институции и специјализирани банки работат со различни производи и активности. Речиси секоја банка и финансиска
МАГИСТЕРСКИ ТРУД „УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО БАНКАРСКИОТ СЕКТОР“
6
институција е вклучена во различни функции на работното место и на тој начин бара многу ефикасен тим и соодветна работна сила. Како и многу други организирани сектори, банкарството бара повеќеслојна работна сила за нејзините различни барања на професионалци и персонал.
Денес банките се фокусираат на дизајнирање процеси и услуги за привлекување, развој и задржување на врвни таленти. Банките ја сфатиле оваа потреба и презеле чекори за да ја задржат својата работна сила, мотивирани преку соодветно охрабрување како конференции, спортски настани, вечери, патувања спонзорирани од банката, собири итн. Ова е начин на кој вработените создаваат чувство на припадност.
Клучни зборови: УЧР, вработени, банки, организација, работна
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 07 Dec 2018 11:08 |
Last Modified: | 07 Dec 2018 11:08 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20938 |
Actions (login required)
View Item |