Karajigit, Deniz (2018) Улога на кинезитерапијата при рехабилитација на пациенти со кардиоваскуларни заболувања. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
ДЕНИЗ КАРАЈИГИТ - СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРУД.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртност кај луѓето. Во најголем број случаи КВБ не се дијагностицирани навреме и нивните први манифестации се јавуваат во вид на ургентни акутни коронарни состојби т.е. инфаркт на миокардот. При рехабилитација на овие пациенти е потребно добро познавање на карактерот на болеста и ризикот од компликации кои го загрозуваат нивниот живот. Цел на рехабилитацијата е постигнување на целосна функционална способност и самостојност и враќање кон секојдневните животни и работни активности.
Програмата за рехабилитација преминува во три фази:
I. Акутна фаза – започнува додека пациентот е во постела, со времетраење 3-4 седмици.
II. Фаза на рековалесценција – започнува кога пациентот завршил со постелниот режим и е со продолжителност од 4-12 седмици.
III. Пост-рековалесцентна фаза (фаза на одржување) – со неопределено времетраење, затоа што треба да продолжи преку целиот живот на пациентот.
Кинезитерапијата кај пациентите со миокарден инфаркт влијае психотерапевтски и го мобилизира болниот за активно учество во процесот на рехабилитација, ги намалува последиците од лежењето и делува профилактично на болестите кои се јавуваат како последица на неактивност, ја олеснува работата на срцето, ја подобрува трофиката на срцевиот мускул и регулацијата на срцевиот тонус и ги подобрува взаемните односи и функции помеѓу кардиоваскуларниот и респираторниот систем. Императив за успешна рехабилитација претставува доброто менаџирање на болеста, рано започнување со правилна рехабилитација, градење на доверба во односот лекар-физиотерапевт-пациент.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 07 Dec 2018 11:07 |
Last Modified: | 07 Dec 2018 11:07 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20937 |
Actions (login required)
View Item |