Препознавање и управување со стресот во работните средини

Ilievska, Suzana (2018) Препознавање и управување со стресот во работните средини. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Сузана page- лекториран магистерски труд  - Copy.pdf]
Preview
Text
Сузана page- лекториран магистерски труд - Copy.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Може да се каже дека појавата на стрес има свои корени во многу аспекти од секојдневното живеење на поединецот. Во приватниот живот и на професионален план, навлезен во секоја пора од општественото живеење, стресот со право го заслужи поимот „болест на милениумот“ или дваесеттиот век – „век на стресот“. Со големото значење и влијание во севкупното современо постоење го предизвика вниманието на бројни изучувачи и истражувачи во повеќе научни дисциплини.
Стресот е одговор на организмот на барањата на надворешниот свет. Присутен е насекаде, во семејството, во работната средина, бидејќи околината е исполнета со стресори. Стресот е интензивна и непријатна долгорочна состојба, која предизвикува негативно влијание врз човековото здравје, неговата способност и продуктивност. Тој не ги заобиколи ниту вработените на работните места, така што стресот општо и стресот на работа станаа главни причинители за индивидуални и организациски проблеми во современото работење. Тоа ја наметна потребата од препознавање на присутноста на стресот на работно место, изнаоѓање што посоодветни методи за негово надминување и успешно справување, со цел создавање здрава работна средина и конкурентна и успешна работна организација. Таа улога освен на вработените им припадна и на менаџерите, кои преку адекватниот пристап и менаџирање со стресните состојби ќе го намалат влијанието на работниот стрес во работните средини.
Во трудот е дадена содржинска и теоретска разработка на поимот стрес, извори и предизвикувачи на стресот, видови на стрес и стресори, како и различните аспекти на стресот; поимот стрес на работа, причините и последиците и синдромот на професионално согорување „burnout“; справувањето со стресот на работа, препознавање и преземање потребни чекори за управување со ризик од стрес и превенција од негова појава; менаџментот на стресот на работно место преку менаџерски пристап и

4
потенцирана улога на менаџментот во справувањето со стресот на работа и преземањето активности преку правилно формулирана менаџмент стратегија за успешно управување со стресот во работните средини, како и емпириско согледување на состојбите во организациите преку извршената анкета и табеларно, графички и пресметковно обработени податоци.

Клучни зборови: стрес, стрес на работа, стресори, менаџери, менаџмент на стрес, справување, управување, превенција.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 07 Dec 2018 08:31
Last Modified: 07 Dec 2018 08:31
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20920

Actions (login required)

View Item View Item