Пазарниот ризик и принос како основни теоретски фундаменти на моделот САРМ

Petreska, Nadica and Gruevski, Ilija (2018) Пазарниот ризик и принос како основни теоретски фундаменти на моделот САРМ. Годишен зборник, Економски факултет, 14 (1). pp. 125-141. ISSN 1857-7628

Full text not available from this repository.

Abstract

Целта на овој стручен труд е да се направи преглед на теоретскиот фундамент кој му претходи на моделот на вреднување на капиталното средство, а тоа е концептот на пазарниот ризик и принос. Во негови рамки, накратко, ќе се разгледаат прашањата кои се блиски до истоимената
проблематика, како што се на пример ефикасноста на финансиските пазари, арбитражната ефикасност и изборот на инвеститорот, потоа ќе следат прашањата за алфа ризикот, бета ризикот, систематскиот ризик, несистематскиот ризик, понатаму, го претставуваме накратко и од свој агол,
моделот на вреднување на капиталното средство или како што оригинално се нарекува во англиската терминологија Сapital Аsset Рricing Мodel– CAPM, за да на крај се даде еден критички осврт на овој популарен модел преку прегледот на детектираните проблеми од страна на стручната литаратура. Притоа, како што ќе се види од понатамошните излагања, очекуваниот принос што го бара инвеститорот произлегува од ризикот кој одредена хартија од вредност го додава на целокупното портфолио, што впрочем е експлицитно содржано во самиот модел на САРМ. Како методи што ќе се користат при истражувањето на предметов ќе се употребуваат сите расположливи методи на научноистражувачката методолoгија, а најчесто тоа ќе бидат математичкиот и статистичкиот метод. Притоа, како облик на претставување на сознанијата ќе биде застапен
графиконот, а можно е и користење на одредени хипотетички примери во насока на подобра илустрација на теоретските концепти.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Ilija Gruevski
Date Deposited: 20 Nov 2018 13:22
Last Modified: 20 Nov 2018 13:22
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20862

Actions (login required)

View Item View Item