Jovanov, Tamara and Sofijanova, Elenica and Dimovska, Violeta and Ivanova, Violeta (2010) Преку интегрирани маркетинг комуникации до подобро пазарно позиционирање на македонското вино. Годишен зборник 2010, 10. pp. 103-119. ISSN 1409-987X
![final paper.pdf [thumbnail of final paper.pdf]](https://eprints.ugd.edu.mk/style/images/fileicons/text.png)
final paper.pdf
Download (517kB)
Abstract
Дали Македонија, со својата богата традиција како една од најстарите земји-производители на вино во светот, е навистина земја која може да произведува вино со врвен квалитет? Одговорот сосема сигурно е: "ДА!"
Денес, македонските вина се вбројуваат меѓу светските типови вино што нудат најдобра вредност и питкост, но за да може некој импресионирано да раскажува за одредено вино, првенствено треба да има од каде да се информира за виното и за земјата каде се прави истото. Кога станува збор за Македонија, ние знаеме дека нашата земја има вековна традиција на винско производство и дека нашите вина се убави и квалитетни. Но, дали светот знае за тоа? Факт е дека бизнисот на македонските винарии во последните неколку години брзо растеше, се развиваше и се „отвори“ кон светот. Познавачите на винската индустрија, сметаат дека развојот на македонското винарство ќе продолжи во нагорна линија и ќе се забрза. Македонските винарии конечно се отворија за светот, но прашање е дали светот ќе се отвори за нив, во услови на криза на винското производство во светски рамки и доминацијата на земјите од т.н. Нов свет (Австралија, Аргентина, Чиле), чии евтини овошни вина ја сменија стереотипната перцепција дека француските вина се најдобри. Каде е Македонија во оваа „поплава“ од понуди? Како домашните винарии да се наметнат со своите брендови и да станат препознатливи по квалитет, а не како доставувачи на евтино наливно вино? Да се биде во можност да се дизајнира и развие производ или услуга што ги има сите карактеристики кои ги привлекуваат клиентите е една работа. Да се креира и пренесе пораката до крајниот корисник, која ќе го наведе на акција, т.е. купување на производот и создавањето преференција кон производот преку подобро пазарно позиционирање е сосема друга работа. Затоа, компаниите мора да научат како ефективно да комуницираат со нивните клиенти. Решението за ефективна и ефикасна комуникација треба да се бара во промоцијата или интегрираните маркетинг комуникации кои пренесуваат единствена, недвосмислена, јасно насочена и атрактивна порака до крајниот корисник.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business Agricultural Sciences > Other agricultural sciences |
Divisions: | Faculty of Agriculture Faculty of Economics |
Depositing User: | Tamara Jovanov |
Date Deposited: | 26 Nov 2012 10:49 |
Last Modified: | 14 Aug 2018 10:41 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2082 |