Влијанието на социо-економските фактори на застапеноста на Акутен гастроентерит кај децата од ромска и неромска припадност

Nikolova, Irena and Dimitrovska Ivanova, Marija (2018) Влијанието на социо-економските фактори на застапеноста на Акутен гастроентерит кај децата од ромска и неромска припадност. In: Социјални дететрминанти и здравјето на населението, 27 Oct 2018, Stip, Macedonia.

[thumbnail of Naslovna.pdf]
Preview
Text
Naslovna.pdf

Download (3MB) | Preview
[thumbnail of Sodrzina konferencija.pdf]
Preview
Text
Sodrzina konferencija.pdf

Download (1MB) | Preview
[thumbnail of Influence of Socio-economic factors.pdf]
Preview
Text
Influence of Socio-economic factors.pdf

Download (724kB) | Preview
[thumbnail of DI 1.pdf]
Preview
Text
DI 1.pdf

Download (187kB) | Preview
[thumbnail of DI 2.pdf]
Preview
Text
DI 2.pdf

Download (107kB) | Preview

Abstract

Акутниот гастроентерит е второ заболување по честота во детската возраст. Социо-економските фактори имаат големо влијание на појавата,должината на траење и тежината на клиничката слика на АГЕ.Во најголем дел од неразвиените земји и земјите во развој меѓу кои е и Р Македонија,поради лошата хигиена,недостаток на чиста вода за пиење,нискиот степен на здравстена едукација на родителите и сиромаштијата е зголемена инциденцата на АГЕ.
Целта на трудот е да се покаже дали социо-економските фактори влијаат на инциденцата на акутен гастроентерит помеѓу децата од ромска и неромска националност. беа опфатени сите деца хоспитализирани на Детско одделение КБ Штип со дијагноза акутен гастроентерит во период од 01.01.2015- 31.12.2017 година.Беше направена споредба на бројот на деца со АГЕ од ромска и неромска националност со цел да се види дали социо-економските услови кои се полоши кај ромското население имаат влијание на зголемување на инциденцата на АГЕ кај овие деца.
Од 01.01.2015 до 31.12.2017 година биле хоспитализирани 470 деца со АГЕ.Од нив ромски деца со АГЕ се 107 а неромски деца со АГЕ се 363 пациенти. Ромските деца се со поголем број на хоспитализации во летниот период и АГЕ е почесто од бактериска природа. АГЕ во текот на годината е помалку застапен кај децата од ромска припадност,што се поврзува со подолгото доење на ромските деца, честата експозиција на антигени поврзано со условите на живот кое води до создавње на имунитет. Поголемата зачестеност во летниот период се поврзува со конзумација на храна со сомнително потекло а поретката застапеност во зима и пролет се поврзува со непостување на установи за предшколска и школска возраст.
Клучни зборови: социо-економски фактори, инциденца, акутен гастроентеритис, ромска припадност

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Marija Dimitrovska
Date Deposited: 28 Nov 2018 11:02
Last Modified: 28 Nov 2018 11:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20819

Actions (login required)

View Item View Item