Фебрилни конвулзии во детската возраст

Nikolova, Irena and Dimitrovska Ivanova, Marija (2017) Фебрилни конвулзии во детската возраст. Medicus, информативен гласник на јавното здравство - Штип, 11 (26). pp. 8-9. ISSN 1857-5994

[thumbnail of Medicus naslovna.pdf]
Preview
Text
Medicus naslovna.pdf

Download (1MB) | Preview
[thumbnail of Medicus - sodrzina.pdf]
Preview
Text
Medicus - sodrzina.pdf

Download (1MB) | Preview
[thumbnail of Febrilni konvulzii 1.pdf]
Preview
Text
Febrilni konvulzii 1.pdf

Download (2MB) | Preview
[thumbnail of Febrilni konvulzii 2.pdf]
Preview
Text
Febrilni konvulzii 2.pdf

Download (2MB) | Preview
[thumbnail of MD 2.pdf]
Preview
Text
MD 2.pdf

Download (646kB) | Preview

Abstract

Фебрилни напади се напади или конвулзии кои се јавуваат кај мали деца и се предизвикани од покачена температура –треска , која не е предизвикана од инфекции на ЦНС.Вообичаено се јавуваат на возраст од околу 6 месеци до 5 години.Овој ризик го достига својот врв во тек на втората година од животот. Треската може да биде симтом кај вообичаени болести во детството, како на пример настинка грип,инфекции на респираторниот систем ,инфекции на урогенитален систем итн..
По некои истражувања се смета дека фебрилните конвулзии се наследни и често се јавуваат кај близнаците или кај деца чии мајки имале потешкотии за време на порагај. Децата кај кои се појавиле фебрилни конвулзии и ако конвузиите се рецидивантни имаат ризик од развој на епилепсија (2-5 %)

Повеќето фебрилни напади траат само неколку минути и се придружени со треска над (38,3 ° C). Иако можат да бидат застрашувачки за родителите, кратки фебрилни напади (помалку од 15 минути) не предизвикуваат никакви долгорочни здравствени проблеми. Појава на фебрилни конвулзии не значи дека детето има епилепсија. Дури и продолжените напади (со траење повеќе од 15 минути) обично имаат добар исход, но носат зголемен ризик од развој на епилепсија. Огромен број на студии покажаа дека дури и децата со продолжени фебрилни напади имаат нормални постигнувања во училиштата и извршуваат и интелектуални тестови како нивните браќа и сестри кои немаат напади. Дури и кога нападите траат долго, повеќето деца се опоравуваат целосно.

Најголема грижа се малата група деца со многу долготрајни фебрилни напади кои траат подолго од 30 минути и кои се рецидивирачки. Кај овие деца, ризикот од епилепсија е до 30-40 проценти, иако состојбата може да не се појави многу години. Неодамнешните студии укажуваат на тоа дека продолжените фебрилни напади може да го повредат хипокампусот, структура на мозокот која е поврзана со епилепсија со темпорален лобус (TLE).

Околу 40 проценти од децата кај кои ке се јави еден фебрилен напад имаат зголемен ризик од повторување на конвулзиите.

Пред дијагностицирање на фебрилни напади кај доенчиња и деца, понекогаш се вршат тестови за да со сигурност се отфрли дека нападите не се предизвикани од основна или посериозна здравствена состојба. На пример, менингитис, може да предизвика и треска и конвулзии што можат да изгледаат како фебрилни напади, но се многу посериозни. Тогаш е потребно да се изврши лумбална пункција за да се проверат знаците на инфекцијата во цереброспиналната течност .Тешка дијареа или повраќање, со дехидрација може да биде одговорна за појава на фебрилни конвулзии ,уринарни инфекции итн.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Marija Dimitrovska
Date Deposited: 28 Nov 2018 10:28
Last Modified: 28 Nov 2018 10:28
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20817

Actions (login required)

View Item View Item