Longurova, Natasa and Kovacevska, Ivona and Zlatanovska, Katerina (2018) Влијание на социјално економскиот статус на родителите на денталното здравје и КЕП индексот кај децата. In: Стручно-научна конференција Социјални детерминанти и здравјето на населението.
Preview |
Text
Poster Socijalni determinanti.pdf Download (753kB) | Preview |
Preview |
Text
Социјални детерминанти.pdf Download (479kB) | Preview |
Abstract
Опшествено-економската нееднаквост е сложена мерка која ги вклучува економскиот статус,( личен доход), опшествениот статус (образование) и работниот статус (запослување) како најтрадиционален пристап за нееднаквоста на здравјето и мислењето за економската состојба на поединецот.
Потикнати од сознанието за големото значење на здравјето на забите, нашите цели ги насочивме кон истражување на детермирањето во денталното здравје и можните фактори на ризик.
Цел на оваа студија е беше да ја детерминираме корелацијата помегу состојбата на оралното здравје и социјално-економски услови и навиките за сочувување на денталното здравје кај децата.
За реализација на студијата користевме методи на интервјуа кои беа прилагодени на истражување на терен. Како инструмент за истражување е користена анкета-интервју, како и стоматолошкиот преглед на устата и забите за добивање на податоци за оралното здравје на испитуваните деца. Проценката за денталното здравје кај учениците го правевме по КЕП индексот,вообичаениот индекс параметар кои укажува на застапеноста на забниот кариес.
Констатиравме дека постои статистички значајна разлика(p<0.05) на вредностите добиени за општи сознанија за одржување на орална хигиена и кога и како треба де одржува а не постои статистчки значајна разлика (p>0.05)на вредностите за вкупниот КЕП индекс помеѓу експерименталните групи А и Б.
Во комплексната интеракција на предиспонирачките фактори на социјалната средина, социјално економскиот статус, здраственото воспитување, средината на живеење,можеме да заклучиме дека истите значајно влијаат на преваленцијата на денталниот кариес кај децата од училишна возраст од Штип, за што најверојатно се виновни и други фактори кои не се предмет на нашето истражување.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Natasa Longurova |
Date Deposited: | 14 Nov 2018 12:54 |
Last Modified: | 14 Nov 2018 12:54 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20814 |
Actions (login required)
View Item |