Меѓународно финансиско известување

Gorgieva-Trajkovska, Olivera (2018) Меѓународно финансиско известување. Универзитет Гоце Делчев Штип. ISBN 978-608-244-547-2

Full text not available from this repository.

Abstract

Учебникот „Меѓународно финансиско известување“ претставува заокружена целина на материјата поврзана со Меѓународните сметководствени стандарди и Меѓународните стандарди за финансиско известување, како основа за хармонизација на финансиското известување во глобални рамки. Учебникот е наменет, пред сè, за студентите на додипломски и постдипломски студии на Економскиот факултет и останатите единици на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кои го изучуваат истоимениот предмет, но можат да го користат и сите останати кои се заинтересирани за оваа проблематика.
Учебникот е креиран врз основа на потребата од создавање на учебно помагало кое од теоретски и практичен аспект ќе им овозможи на студентите стекнување на познавања за целите, делокругот и терминологијата на досега издадените Меѓународни сметководствени стандарди и Меѓународни стандарди за финансиско известување, како и нивните барања за обелоденување на конкретни информации од страна на деловните ентитети кои ги применуваат истите при подготовка и презентација на финансиските извештаи. За таа цел, содржи теоретска разработка (цели, делокруг, дефиниции, принципи и барања) на Меѓународните сметководствени стандарди и Меѓународните стандарди за финансиско известување издадени од страна на Одборот за Меѓународни сметководствени стандарди, како и илустрации (практични примери) кои им овозможуваат на студентите многу полесно разбирање и совладување на оваа комплексна и динамична проблематика.
Сметководствените стандарди се ефективно „упатство за користење“, за тоа како да се преведат финансиската состојба и перформансите на ентитетот во збир на кохерентни и кратки финансиски извештаи. Крајниот резултат е дизајниран да претставува сет на финансиски извештаи, кој понатаму претставува основа за донесување информирани економски одлуки од страна на различните стејкхолдери. Додека националните варијации во сметководствените практики траеле со години, од почетокот на седумдесетите години на минатиот век постои тенденција на усогласување на практиката и регулативата на финансиското известување на глобално ниво, како основа за намалување на ваквите недоследности. Накратко, станува сè помалку прифатливо различното финансиско известување за исти и слични трансакции, според тоа каде се случуваат.
Содржински, учебникот е конципиран во 36 кратки поглавја, кои ги покриваат засебните стандарди, нивните цели, делокруг, дефиниции и терминологија, како и барања за обелоденувања.
Разбирањето и правилната примена на концептите, принципите и барањата на Меѓународните сметководствени стандарди имаат огромно значење за презентацијата на веродостојна и објективна слика за финансиската состојба и успешност на деловните ентитети, како и за потребите на сите заинтересирани стејкхолдери од квалитетни, веродостојни и разбирливи финансиски информации. Оттука, сметам дека учебникот ќе даде значителен придонес во збогатување на материјата која ја обработува и ќе им помогне како на студентите, така и на пошироката стручна јавност во полесно совладување на оваа значајна проблематика.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Olivera Trajkovska
Date Deposited: 12 Nov 2018 09:14
Last Modified: 12 Nov 2018 09:14
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20801

Actions (login required)

View Item View Item