Управување со кредитен и каматен ризик во банкарскиот систем

Vasilev, Zarko (2018) Управување со кредитен и каматен ризик во банкарскиот систем. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Zarko.pdf]
Preview
Text
Zarko.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Кредитниот ризик е најдоминантен банкарски ризик и претставува основа на банкарското работење, тој е содржан во сите кредитни производи.
Кредитниот ризик се јавува кога комитентот не е во можност да ги измирува своите обврски спрема банката во согласност со претходно договорените износи и рокови помеѓу двете страни.
Успешното управување со кредитниот ризик претставува една од основните активности на финансиските институции, бидејќи на тој начин се следат сите активности што имаат ризичен профил. Некои од активностите на банката, какви што се: процесот на идентификација, процесот на мерење, процесот на мониторинг и контролирање на ризикот, овозможуваат лицето што презема ризик или управува со него јасно да го согледа тој ризик и последиците што произлегуваат од него. Одлуките што се донесуваат за преземање на ризикот, треба да се во целосна согласност со деловната стратегија и со целите што се определени од менаџментот и да бидат експлицитни и јасно поставени, на тој начин добивката што се очекува да се оствари од преземениот ризик треба да биде адекватна компензација за преземениот ризик, а исто така банките треба да поседуваат доволно капитал, со кој би се амортизирал преземениот ризик.
Каматниот ризик претставува ризик од неповолни идни движења на каматните стапки, а со тоа и ризик од промена на вредноста на средствата што носат каматни приноси, какви што се банкарските заеми или обврзниците. Каматниот ризик е дел од категоријата пазарни ризици, кои ја искажуваат веројатноста или можноста од потенцијална промена на добивката и на пазарната вредност на капиталот на банката која би била предизвикана од промената на пазарните цени.

Каматниот ризик ја покажува веројатноста за промена на нето-каматните приходи на банката поради промена на пазарните каматни стапки односно каматниот ризик покажува колку приходите и расходите на банката реагираат на промените на пазарните каматни стапки.
Клучни зборови:
кредитен ризик, банка, комитент, обврски, побарувања, менаџмент, каматна стапка, промени, каматен ризик, каматни приходи, пазар.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 12 Nov 2018 09:07
Last Modified: 12 Nov 2018 09:07
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20781

Actions (login required)

View Item View Item