Фармацевтска грижа за болни од астма

Angelovska, Bistra and Drakalska, Elena and Miladinovska, Aleksandra (2018) Фармацевтска грижа за болни од астма. Социјалните детерминанти и здравјето на населението, 2 (1). pp. 22-26.

[thumbnail of ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ%252c УГД-ФМН%252c ШТИП 2018.pdf]
Preview
Text
ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ%252c УГД-ФМН%252c ШТИП 2018.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Астмата е хронично заболување, кое се карактеризира со зголемена чувствителност на бронхиите кон т.н алергени кои предизвикуваат намалување на спроводливоста на кислород низ нив, запушување на дишните патишта, што придонесува до потешкотии во дишењето. Современите сознанија за патофизиологијата на астмата и достапноста на ефективна терапија, значи дека астмата може добро да се контролира со пропишана оптимална терапија и соодветна употреба на лековите од страна на пациентот.
Спроведувањето на концептот на фармацевтски грижи преку добро формулиран и имплементиран план од страна на фармацевтот допринесува за подобра контрола на астмата и им помага на пациентите да имаат исполнет, активен и продуктивен живот.
Во овој труд правиме преглед и обработка на препораките на СЗО, PGEU и FIP за спроведување на фармацевтски грижи за болните од астма, ефектите од спроведената фармацевтска грижа во некои од развиените земји,улогата на фармацевтот при изготвувањето и спроведувањето на планот за фармацевтски грижи, можноста за спроведување на концептот на фармацевтски грижи во Република Македонија ипредлагаме можен план за спроведување на фармацевтски грижи за болните од астма.
При изработката на трудот користевме објавени материјали, од СЗО, PGEU и FIP, истражувања од различни држави за ефектите од спроведените планови за фармацевтски грижи, регулативата во Република Македонија и други релевантни материјали.
Фармацевтот како дел од здравствениот систем, треба активно да учествува во фармаколошкото контролирање на астмата со едукација на пациентите за лековите, начинот на употреба и значењето на адхеренција кон терапијата преку спроведувањето на концептот Фармацевтски грижи, поткрепен и со сооветна законска регулатива.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Bistra Angelovska
Date Deposited: 07 Nov 2018 12:07
Last Modified: 07 Nov 2018 12:07
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20767

Actions (login required)

View Item View Item